вторник, 31 август 2010

Едвин Ван дер Сар: Не размислувам за пензионирање:

http://images.football.co.uk/Dynamic/Group/Source/e5bd049996746738ae5f9490964c5d2a.jpg
Голманот на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар вели дека воопшто не се грижи за тоа кога треба да стави крај на кариерата...



Ван дер Сар во октомври ќе наполни 40 години но тој и понатаму игра во топ форма во дресот на Јунајтед, откако се пресели на Олд Трафорд пред петгодини.

Со секоја измината сезона се сугерира дека Ван дер Сар ќе стави крај на својата кариера но Холанѓанецот во моментов е среќен што може да игра на високо ниво.

“Не се грижам за тоа кога ќе пристигне денот за моето пензионирање.” – рече Ван дер Варт. “Сега ги надминувам сопствените очекувања, па затоа тоа воопшто не ми пречи.”

“Кога бев помлад можеби размислував дека ќе завршам со играњето фудбал кога ќе ја поминам границата од 35 години. Но сосема е нормално така да мислите кога сте помлад.”

“Очигледно тоа е добро време за крај на кариерата но јас тогаш пристигнав во Јунајтед, малку доцна во мојата кариер,а и можеби затоа сеуште уживам.”

“Доаѓањето на Олд Трафорд најверојатно ми ја продолжи кариерата.”

Ван дер Сар исто така верува дека се додека ја има довербата од Сер Алекс Фергусон нема причина за да размислува за пензија.

“Потребно е клубот да биде среќен. Доколку тие не се среќни со квалитетот кој јас го продуцирам тогаш нема потреба да продолжам.”

“Минатата година на подготовките скршив два прса а потоа го повредив и коленото, но секогаш кога бев фит добивав шанса и тоа е добар знак за мене.”

“Тоа покажува дека тренерот сеуште има доверба во мене, моите квалитети и способности.”

“Многу е важно да знаете дека тој има доверба во вас.”




0 коментари: