вторник, 17 август 2010

Премиер Лига: Манчестер Јунајтед 3 - 0 Њукасл:

- 0
Манчестер Јунајтед со победа ја започна новата сезона во Премиер Лигата откако со 3-0 славеше во дуелот со Њукасл


’Црвените Ѓаволи’ лесно, без поголеми проблеми успеаа да го совладаат Њукасл во последниот натпревар од првото коло во новата сезона од Премиер Лигата.

Вечерва на Олд Трафорд, Димитар Бербатав во 33та минута го отвори резултатот по одличното додавање на Пол Сколс.

На целата акција најпрво му претходеше едно невнимание на Хонас Гутиерез, кој загуби топка на својата половина.

Џон О’Шеј го проигра Сколс, кој упати топка во форот за Бербатов, дефанзивецот на Њукасл, Енрике не успеа да го стигне додавањето по што напаѓачот на Манчестер Јунајтед упати силен удар по земја во подалечниот агол од голот на Херпер.

На четири минути пред крајот на првиот дел веќе беше 2-0 откако Флечер одлично се снајде во петерецот на Њукасл и ја затресе мрежата на Харпер.

Нани и Евра одлично проиграа по левата страна по што левиот бек на Јунајтед продре во шеснаесетникот на Њукасл.

Евра потоа упати силна топка по земја во срцето на петерецот која Руни ја допре доволно за да му ја намести на Флечер кој биеше неодбранливо од само неколку метри.

Конечните 3-0 ги постави Рајн Гигс во 85та минута откако по асистенцијата на Сколс упати прецизен волеј удар.

Головите од натпреварот можете да ги проследите тука.



0 коментари: