четврток, 18 февруари 2010

Јунајтед подготвен да го ангажира слободниот агент Џо Кол:


Англискиот интернационалец е под договор со екипата на Челзи до крајот на сезоната.

Двете страни подолго време се во преговори за продолжување на верноста но во моментов нема никаков напредок бидејќи двете страни имаат разлики околу финансискиот дел.

Се шпекулира дека Џо Кол посакува неделна плата од околу 120 000 фунти, но Сините не се подготвени да одвојат толкава сума.

Медиумите од Англија утрово шпекулирата дека застојот во преговорите сака да го искористи Сер Алекс Фергусон, кој е фан на играта на креативниот играч од средниот ред.

The Daily Express вели дека Шкотот е подготвен да му понуди пред-договор на Џо Кол за играчот да се пресели на Олд Трафорд по крајот на сезоната.

Извештаите на весниците говорат дека 28 годишниот Кол би требало да биде добра замена за ветеранот Рајан Гигс и наследник на Велшанецот во дресот на Јунајтед.

Но доколку Џо Кол реши да замине од Стемфорд Бриџ како слободен агент, Црвените Ѓаволи нема да бидат единствени кои ќе се обидат да го ангажираат Англичанецот бидејќи ситуацијата на играчот од поодамна ја надгледуваат Манчестер Сити, Тотенхем и Милан.

0 коментари: