среда, 17 февруари 2010

Милан 2 - 3 Манчестер Јунајтед:



Манчестер Јунајтед конечно се радуваше на Сан Сиро, во интересен натпревар со дури пет гола Црвените Ѓаволи го победија Милан со 3-2.

Росоњерите одлично го започнаа натпреварот, но одиграа во исто темпо и разочарани го напуштија својот стадион.

Милан тргна офанзивно, по само три минути игра голема радост за домаќините, Роналдињо шутира топката го смени правецот удирајќи го Карик и заврши зад грбот на Ван дер Сар.

Во продолжението Милан имаше уште неколку шанси за зголемување на водството, но не успеаа да реализираат.

Казната стигна во 36та минута, неверојатно среќен гол на Пол Сколс, ја промаши топката со десната нога со која сакаше да шутне, таа го удри во левата нога и се дотркала во голот на Милан, израмнување на 1-1.

Од тој момент работите се променија, Манчестер Јунајтед тргна многу поагилно, Милан падна во играта.

Во 66та минута комплетен пресврт Вејн Руни со глава реализира за водство на Манчестер Јунајтед од 2-1.

Само осум минути подоцна нов шок на Сан Сиро, прекрасно нафрлување од Карл Флечер, Вејн Руни уште еднаш забива со глава за водство на гостите од 3-1.

На пет минути пред крајот Кларенс Сидорф постигнува фантастичен погодок со пета, намалува на 3-2 за возбудлив финиш.

Веќе во следната минута Инзаги пропушти голема шанса да му донесе израмнување на Милан.

Пред самиот крај на натпреварот Карик поради втор жолт картон беше исклучен, Фергусон нема да може да смета на него за реванш натпреварот.

Голема предност за Манчестер Јунајтед пред реваншот на Олд Трафорд, сепак Милан е гигант кој во никој случај не смее да се отпише.


0 коментари: