четврток, 25 февруари 2010

Заврши сезоната за играчот на Јунајтед, Андерсон:



Бразилецот во вторникот за прв пат беше стартер во тимот на Сер Алекс Фергусон по пауза од еден месец.

Сепак Андерсон беше заменет со Парк Џи Сунг по само 20 минути игра откако го повреди коленото.

Играчот од средниот ред вчера замина на неколку тестови и Јунајтед потвди дека фудаблер ги оштетил лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена.

“Играчот од средниот ред на Јунајтед, Андерсон ќе паузира шест месеци поради повреда на лигаментите на коленото.“ - гласеше соопштението на Јунајтед.

Повредата на Андерсон ќе предизвика нова серија шпекулации околу тоа дали Бразилецот веќе го одигра последниот натпревар за Црвените Ѓаволи.

Тој никогаш не ги исполни очекувањата откако во 2007 го напушти Порто и се пресели на Олд Трафорд

Шпекулациите на медиумите го поврзуваа со преселба во Лион во јануарскиот трансфер период и неодамна самиот играч призна дека ќе размисли за својата иднина во шампионот на Англија доколку не добива поголема минутажа.

Андерсон стравуваше дека недостатокот на стартови за Јунајтед ќе му ги намали шансите за настап во составот на Бразил на Светското Првенство, но сега се чини дека повредата ќе го оневозмжи играчот да патува за Јужна Африка.

0 коментари: