недела, 14 февруари 2010

Евертон бара 30 милиони фунти за целта на Јунајтед, Џек Родвел:


18 годишниот Родвел важи за еден од поголемите таленти на Англискиот фудбал и веќе го привлече вниманието на многу гиганти.

Се верува дека Сер Алекс Фергусон од поодамна е голем фан на играта на сестраниот Родвел и стратегот го гледа играчот како дел од иднината на Манчестер Јунајтед.

Медиумите шпекулираат дека Ферги сака, сегашната ѕвезда на Евертон, за неколку години да биде срцето на одбраната на Манчестер Јунајтед заедно со Крис Смајлинг, чиј трансфер Црвените Ѓаволи веќе го договорија.

Sunday Mirror и Sunday Express велат дека Евертон не размислува за продажба на својот голем талент но доколку Јунајтед достави понуда што не може да се одбие, Родвел сигурно ќе се пресели на Олд Трафорд.

Ист беше и случајот на Вејн Руни, кој во 2004 го напушти Евертон за да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Весниците цитираат инсајдер од Гудисон Парк како вели: “Џек е еден од најголемите таленти тука и без разлика што ние сакаме да го задржиме, се има своја цена.”

Извештаите на весниците говорат дека ’Карамелите’ се подготвени за дил само доколу некој понуди 30 милиони фунти (околу 35 милиони евра).

0 коментари: