понеделник, 8 февруари 2010

Невил и Евра имаат само пофалби за Нани:


По разочарувачките настапи и честите фрустрации кои ги имаше, Нани конечно блеска во дресот на Манчестер Јунајтед.

Португалскиот фудбалер одигра четири натпревари во серија и на сите нив се истакна со одлични перформанси.

"Нани ги извршува вистинските работи и донесува вистински одлуки" - вели Невил.

"Тешко е да се чува бидејќи тој е брз и може да тргне и на двете страни. Во последните неколку натпревари игра навистина добро, силен е и има голема самодоверба".

"Тоа се случува во вистински момент за нас".

Пофалби за Нани стигнаа и од Патрис Евра.

"Нани е истиот. Сите го знаат неговиот талент, па понекогаш фановите беа фрустрирани бидејќи знаат што може тој да направи" - вели Евра.

"На Нани единствено му беше потребно време, тој е силен и брз".

"Одигра четири натпревари во серија но јас не сум изненаден бидејќи знам за квалитетот кој го поседува тој".

"Не му кажувам после секој натпревар дека одиграл добро, само му велам дека тоа е нормално и треба да продолжи така".

"Многу сум среќен за него" - заврши Патрис Евра.

0 коментари: