недела, 14 февруари 2010

Роналдо: Ми недостига Јунајтед...Само господ знае дали ќе се вратам:


25 годишниот Роналдо замина за Реал Мадрид во светски рекорден трансфер вреден 80 милиони фунти минатото лето откако помина шест сезони во Манчестер Јунајтед.

Тој на Олд Трафорд освои три титули во Премиер Лигата, една титула во Лигата на Шампионите и многу други тимски и персонални награди.

За преселбата на Роналдо во Мадрид се говореше цела година откако самиот играч јавно изјави дека сонува да го носи дресот на Кралскиот Клуб.

Португалскот интернационалец има одличен старт на кариерата во Реал и постигна 11 погодоци на 13 натпревари во Примера Дивизион и шест погодоци на четири натпревари во Лигата на Шампионите.

Но во интервју за News of The Wolrd тој призна дека му недостасува Манчестер Јунајтед и додава дека еден ден можно е да се врати на Олд Трафорд.

“Секако дека ми недостасува играњето за Манчестер Јунајтед.” – рече Роналдо. “Играв таму шест години и тоа е долгп период.”

“Сеуште сакам да ги гледам натпреварите на Манчестер Јунајтед и во иднина би можел да се вратам таму. Тоа секогаш е можност.”

Роналдо потоа додаде: “Јас сеуште разговарам со Вејн. Кога имам можност разговрам со него, со Фердинанд, со Видиќ, со Евра. Зборуваме за фудбал и се останато.”

“Не можам да кажам дека не сум среќен во Реал Мадрид.”

“Јас навистина сум многу среќен и сите знаат дека ова е мојот клуб, но секако, ми недостасува Манчестер Јунајтед, тренерот, играчите, бидејќи оставив семејство таму.”

“Сакам да го исполнам договорот тука, но во иднина, само Господ знае.”

0 коментари: