вторник, 23 февруари 2010

Андерсон: Имам неколку понуди но мојата иднина е во Јунајтед:


Долгорочната иднина на Андерсон во Јунајтед беше тема на шпекулации во последниот месец откако играчот имаше недоразбирања со Сер Алекс Фергусон.

21 годишниот Бразилец нема настап во првиот тим по поразот во Карлинг Куп дуелот со Манчестер Сити на 19ти јануари и се верува дека тој го налутил Фергусон откако си заминал во родниот Бразил без дозвла.

Андерсон признава дека бил во Бразил со цел да размисли за својата иднина бидејќи недостатокот на минутажа во дресот на Јунајтед ќе му ги загрози шансите да настапи на Светското Првенство.

“Разговорот со Фергусон е приватен но јас му ја објаснив мојата ситуација.” – рече Андерсон.

“Заминав за Бразил со цел да размислам за мојата иднина а не да преговарам со други клубови.”

“Еден од моите сонови за оваа сезона е да настапам со Бразил на Светското Првенство и поради тоа што не играм за Јунајтед, Дунга воопшто нема да биде заинтересиран за мене.”

“Тоа е многу тешка ситуација за мене и потребни ми се минути на теренот во следните натпревари.”

“Секогаш сум имал добар однос со Фергусон. Тој побара да работам понапорно и јас го прифатив тоа, но потребни ми се повеќе шанси за настап во првиот тим.”

Поранешниот играч на Порто исто така чувствува дека тој во дресот на Јунајтед сеуште го нема покажано најдоброто од себе.

“Имам освоено титули со Манчестер Јунајтед но луѓето сеуште не ги виделе најдобрите перформанси од мене.”

“Јас не сум машина. Невозможно е да функционирате 100% на секој натпревар и признавам дека на некои натпревари не одигра како што треба, но тие натпревари не се доволна причина за јас да не играм толку долг период.”

Андерсон не патуваше со тимот на Манчестер Јунајтед за Милано и првиот дуел со Милан од 1/8 - финалето во Лигата на Шампионите.

“Одлуката за јас да не патувам ја донесе тренерот. Јас само се надевам дека ќе добијам шанса на вториот натпревар.”

“Јас сум професионалец и моите одговорности се кон Јунајтед. Дали сум среќен? Јас би кажал оптимист. Доколку играм на повеќе натпревари ќе бидам среќен. Но тоа е нормално.”

“Некои клубови од Европа се распрашуваа за мене, но според мене, мојата иднина лежи во Јунајтед.”

“Мојата приказна тука не е завршена и јас сум убеден дека можам да му понудам уште многу на тимот во одлучувачките моменти од сезоната.”

0 коментари: