среда, 1 септември 2010

Долго очекуваниот камбек на Рио Фердинанд:

http://comments.espnstar.com/servlet/file/250772_11_preview.jpg?ITEM_ENT_ID=250772&COLLSPEC_ENT_ID=10&FILE_SERVICE_CONF_ID=11
Долго очекуваниот камбек на Фердинанд ќе се случи вечерва...


Долго очекуваниот камбек на Рио Фердинад ќе се случи вечерва за Манчестер Јунајтед резервниот тим против Олдхем Атлетик.

Натпреварот на Столибриџ ќе биде од поголемо значење од вообичаеното за резервниот тим на Јунајтед бидејќи Фердинанд за прв пат ќе се врати на терените после повредата која го оневозможи да настапи за Англија на СП во Јужна Африка.

Сер Алекс Фергусон првично изјави дека Фердинанд нема да биде подготвен до крајот на септември. Сепак на прес конференцијата минатиот петок Ферги истакна дека дефанзивецот многу напредувал во однос на рехабилитацијата и дека ќе настапи ан натпревар пред паузата од интернационалните натпревари.

Тимот на Олдхем е тест за Фердинанд во кој доколку Рио успее можно е да се врати по паузата на мечот со Евертон.

Фердинанд во резервниот тим на Јунајтед ќе биде придружуван од Вес Браун и Андерсон кој исто така би требало да се врати за мечот со Евертон.





0 коментари: