Холандскиот ветеран, Ван дер Сар се одлучи да ја продолжи верноста со Манчестер Јунајтед.
Голманот кој веќе има 39 години, по долго размислување реши да ја одложи пензијата и уште една година да стои меѓу стативите на англискиот шампион.
"Сеуште се чуствувам добро и уживам играјќи фудбал" - вели Ван дер Сар.
Иднината на Ван дер Сар не беше јасна откако пред Божиќ неговата сопруга доби мозочен удар, но таа сега е подобро и голманот одлучи да продолжи со кариерата.
"Ова е голем клуб кој ми даде голема поддршка во декември и јануари кога поминував низ тежок период, и поради тоа сум им екстремно благодарен".
"Гледам напред кон освојување на уште трофеи со овој одличен тим".
И менаџерот на Црвените Ѓаволи, Сер Алекс Фергусон е задоволен што Ван дер Сар останува.
"Професионализмот и посветеноста со која ја извршува неговата работа, му овозможува тоа да го прави долго".
"Тој има големо искуство, не само во Јунајтед, туку и во Јувентус, Ајакс и во репрезентацијата на Холандија".
"Ние сме апсолутно среќни што тој ќе биде со нас уште една година" - изјави Сер Алекс Фергусон.
0 коментари:
Објави коментар