сабота, 17 април 2010

Манчестер Сити 0 - 1 Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед со гол во 93та минута на Пол Сколс го победи градскиот ривал Сити и ги задржи шансите за шампионската титула.
Манчестер Јунајтед го доби големото градско дерби против Сити, Пол Сколс во 93та минута им донесе три многу значајни бодови на Црвените Ѓаволи.

Сити влезе со големи амбиции во овој дуел, подготвен за одмазда за поразот на Олд Трафорд во првиот дел од сезоната.

Но работите на теренот не се одвиваа според нивните желби, Манчестер Јунајтед беше тимот кој дојде до целиот плен.

Дерби натпреварот не понуди добар фудбал, тоа беше тврд натпревар со многу јалови обиди за гол, без многу идеални прилики.

Во првиот дел, Вејн Руни и Рајан Гигс имаа одлични можности за гол, кои не успеаа да ги реализираат.

Домаќините најсериозната закана во првото полувреме ја имаа преку Карлос Тевез од слободен удар, но Ван дер Сар беше сигурен.

Вториот дел продолжи слично, без посериозни прилики за гол.

Манчестер Сити имаше одлична шанса во 85та минута кога најпрво Виеира а потоа и Онуоха не успеаа да искористат еден кикс на Ван дер Сар.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 93та минута кога по центаршут на Евра, Сколс со глава ја тресе мрежата на Гивен за голема победа на Јунајтед.

Со овие три бода Манчестер Јунајтед се доближи на бод до лидерот Челзи кој денеска има тешко гостување на Вајт Харт Лејн.

0 коментари: