петок, 9 април 2010

Дејвид Гил навестува нови засилувања за Црвените Ѓаволи:

http://www.contra.gr/images/davidgill.jpg
Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил навестува дека тие ќе ангажираат уште неколку играчи ова лето Актуелниот шампион во Премиер Лигата веќе ги започна плановите за следната сезона откако го ангажираа 21 годишниот Мексиканец од Чивас, Хавиер Хернандез.

Дефанзивецот на Фулам, Крис Смајлинг е уште еден играч што ќе пристигне на Олд Трафорд во јули.

Сер Алекс Фергусон неодамна најави дека Јунајтед ова лето нема да троши енормни суми за засилување на составот но извршниот директор Дејвид Гил очекува во клубот да пристигнат нови играчи.

“Ние започнавме со планирање на следната сезона.” – рече Гил за MUTV.

“Веќе го ангажиравме Крис Смајлинг од Фулам и многу сме возбудени што тој ќе ни се приклучи во јули.”

“Ајде да видиме што ќе се случи. Внимавајте на следниот период.”

Медиумите од Островото утрово објавија дека Давид Виља е дел од трансфер желбите на Јунајтед, но за реализација на овој трансфер, Валенсија ќе треба да ја намали цената на напаѓачот зошто Црвените Ѓаволи не можеле да си дозволат 40 милиони фунти за ангажман на играчот.

Исто така со преселба на Олд Трафорд се поврзува и Карим Бензема, кој и минатото лето беше трансфер цел на Ферги.

Кралевите испратија подобра понуда и напаѓачот заврши на Сантијаго Бернабе но францускиот интернационалец има разочарувачка прва сезона и игра далеку под очекувањата.


0 коментари: