среда, 21 април 2010

Ферги гледа идни ѕвезди во резервниот тим на Јунајтед:

http://images.sportinglife.com/09/11/330/Oliver-Norwood-Celeb2_2384499.jpg
Сер Алекс Фергусон верува дека Манчестер Јунајтед можеби открил играчи кои во иднина ќе бидат ѕвезди откако резервниот тим ја освои титулата

Тренерите Оле Гунар Солскер и Варен Џоиси на резервниот тим Црвените Ѓаволи им го донесоа трофејот за прв пат по пауза од четири години откако вчера резервите на Ливерпул беа поразени од Евертон.

Менаџерот на првиот тим на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е задоволен со ваквиот успех и верува дека од сегашните резервен тим во иднина можат да ’изникнат’ ѕвезди.

“Некои од играчите навистина одиграа добро.” – рече Шкотот за www.manutd.com.

“На пример, во победата од 1-0 над Ливерпул, последната четворка беше брилијантна, тие одиграа навистина добро.”

“Еден или двајца млади играчи се развиваат прилично добро. Габриел Обертан постигна неверојатен погодок.”

“Оливер Норвуд и Кори Еванс играат навистина одлично и имаат одлично однесување кон играта. Ова е важна работа и Оле и Варен помогнаа целиот тим да има правилно однесување.”

Ферги додаде: “Сакам да им честитам на Оле и Варен. Тие завршија одлична работа.”

“Секогаш кога назначуваме нов тренер на резервниот тим, им објаснувам на нив колку е тешка оваа задача поради работите кои треба да се исполнат.”

“Понекогаш јас можам да повлечам тројца или четворица играчи од нивниот тренинг или можам да кажам, ’овие играчи нема да играат за тебе во четврток бидејќи можно е да настапат за мене во сабота’.”


0 коментари: