сабота, 24 април 2010

Манчестер Јунајтед 3 - 1 Тотенхем:

2009-10 Premier League Manchester United's Portugese midfielder Nani celebrates scoring against Tottenham Hotspur - 0
Манчестер Јунајтед со 3-1 го победи тимот на Тотенхем и се искачи на врвот во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед е новиот лидер во Премиер лигата, Црвените Ѓаволи најмалку до утре ќе бидат на чело на табелата откако денеска го совладаа Тотенхем со 3-1.

По победите над Арсенал и Челзи, Тотенхем е сопрен на Олд Трафорд, Спарси не успеаа да направат уште еден голем резултат.

Заслужена победа на Јунајтед во овој натпревар, тимот на Фергусон беше подобар противник.

Првиот дел од натпреварот заврши без голови, со неколку можности за Јунајтед, најсериозната ја имаше Бербатов, но неговиот удар беше изблокиран.

Сосема поинакво второ полувреме со дури четири гола.

Во 58та минута Асу Екото прави прекршок врз Евра во својот шеснаесетник, судијата покажува на белата точка.

Капитенот Рајан Гигс го реализира ударот од 11 метри за радост на Олд Трафорд и водство на Јунајтед од 1-0.

Течеше 70та минута кога Ледли Кинг со глава погоди за израмнување на резултатот на 1-1, можеби имаше прекршок од дефанзивецот при постигнувањето на голот, сепак тој беше признат.

Десетина минути подоцна одлична акција на Манчестер Јунајтед која завршува со супер финиш на Нани за враќање на водството.

Во 86та минута сите дилеми беа решени Паласиос прави прекршок за пенал врз Нани.

Рајан Гигс уште еднаш сигурен од белата точка за конечен резултат од 3-1.

Челзи утре го игра својот натпревар од ова коло, на Стемфорд Бриџ гостува Стоук, со победа Сините ќе се вратат на врвот.


0 коментари: