петок, 30 април 2010

Нова награда за Руни:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни доби втора награда за оваа сезона. Тој беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата од Асоцијацијата на новинари, кои пишуваат за фудбалот во Англија. На второто место се најде Дидие Дрогба од Челзи, а трет заврши Карлос Тевез од Манчестер Сити.

"Се радувам на наградата, која се доделува уште од 1948 година и има долга историја и традиција. Сакам да ја искористам можноста за да му се заблагодарам на менаџерот сер Алекс Фергусон, целиот стручен штаб и на моите соиграчи, без чија помош немаше да ја добијам оваа награда", изјави Руни.

Наградата на голгетерот на "црвените ѓаволи" ќе му биде доделена на гала вечера во Лондон на 13 мај.

0 коментари: