четврток, 1 април 2010

Баерн Минхен 2 - 1 Манчестер Јунајтед:

http://www.ksta.de/ks/images/mdsBild/1254229990867l.jpg
Со погодок на Олиќ пред самиот крај на натпреварот Баерн Минхен славеше со 2-1 на Алијанц Арената во првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на Шампионите. Баерн Минхен ја доби првата битка против Манчестер Јунајтед, Баварците со погодок во последната минута славеа со 2-1.

Одличен натпревар на Алијанц Арената, Црвените Ѓаволи први дојдоа во водство, но Баерн Минхен комплетно го сврте натпреварот.

Започна да тече втората минута на натпреварот кога се случи голем шок за домашната публика, по асистенција на Нани, лоша интервенција на одбраната на Баерн Минхен, Руни се најде осамен и не му беше тешко да реализира, 0-1.

Баерн Минхен уште не влезе во натпреварот а веќе губеше со 1-0.

Баварците веднаш тргнаа во офанзива, барајќи израмнување, домаќините ја имаа иницијативата, почесто се играше пред голот на Ван дер Сар.

Но, во 21та минута Нани ја погоди пречката од голот на Бут, многу лесно можеше да се случи Јунајтед да поведе и со 2-0.

Баерн Минхен преку Ивица Олиќ и Алтинтоп имаше прекрасни можности да израмни не не реализираше.

Во последните пет минути од првиот дел, Манчестер Јунајтед беше подобриот тим, создавајќи неколку можности преку Руни.

Во вториот дел продолжи доминацијата на Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед играше поповлечено.

Баварците се обидуваа, шутираа, но Ван дер Сар беше фантастичен на голот на Црвените Ѓаволи.

Во 77та минута, Невил игра со рака, слободен удар за Баерн Минхен, Рибери шутира, топката удри во Руни и заврши во мрежата на гостите, израмнување на 1-1.

Шест минути подоцна Јунајтед имаше прекрасна шанса да го врати водството, Немања Видиќ со глава ја погоди пречката од голот на Бут.

Во 90та минута Гомез влезе во фантастична шанса, биеше, Ван дер Сар уште еднаш ги покажа своите квалитети.

Но, во 92та голманот на Јунајтед беше немоќен, Ивица Олиќ одзема една топка на одбраната на Јунајтед, и погоди за победа на Баерн Минхен, огромна радост на Алијанц Арената.

Заслужена победа на Баерн Минхен, Баварците ја добија првата битка, кој ќе ја добие војната, останува да видиме по реваншот на Олд Трафорд.


0 коментари: