петок, 2 април 2010

Фергусон: Руни ќе отсуствува од 2 до 3 недели:

http://www.arsenalhighlights.com/wp-content/uploads/2009/06/alex_ferguson.gif
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека Вејн Руни ќе биде надвор од стројот во следните две до три недели Англискиот интернационалец се повреди во завршните мигови од дуелот помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед одигран во вторникот на Алианц Арената.

По прв момент постоеа стравувања дека Руни би можел да го пропушти и Светското Првенство доколку напаѓачот посериозно ги повредил лигаментите на десниог зглоб.

Портпаролот на Црвените Ѓаволи вчера ги отфрли таквите стравувања велејќи дека Руни има само ’мало оштетување на лигаментите’, но тој не даде одговор колку време ќе паузира напаѓачот.

Утринава во пресрет на редовната прес-конференција за големото дерби со Челзи, Сер Алекс Фергусон даде кусо интервју за ТВ Каналот на Манчестер Јунајтед во кое потврди дека Руни ќе отсуствува од две до три недели.

Стратегот на Јунајтед исто така додаде дека ’нацијата може да престани да се моли’ бидејќи Вејн ќе биде подготвен за мондијалот во Јужна Африка.

“Руни нема оштетување на коската ниту пак сериозно оштетување на лигаментите. Нацијата може да престане да се моли.“ - рече Фергусон.

“Признавам дека бевме во паника. Но сега можеме да дишеме полесно. Стравувавме во пресрет на деталните прегледи но се надеваваме дека ќе добиеме добри вести.”

“И тие можеа да бидат полоши доколку го погледнете начинот на кој поткривнуваше.”

“Тој ќе пропушти неколку важни натпревари но ќе се врати за две до три недели.”

Поради повреда Руни сега ќе го пропушти утрешниот клучен дуел со Челзи во биткта за титулата како и реванш дуелот со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите.

Сепак англискиот интернационалец би можел да се врати за дербито на Манчестер кое се игра на 17 април.

0 коментари: