понеделник, 5 април 2010

Руни би можел да настапи против Баерн Минхен?

http://multimedia.heraldinteractive.com/images/c487019f20_WayneRooney.jpg
Според медиумите од Англија, Вејн Руни има брз прогрес во опоравувањето од повредата и 40% шанси за настап против Баерн Минхен во Лигата на Шампионите Англискиот интернационалец заработи ’мало оштетување на лигаментите на зглобот’ на натпреварот против Баерн Минхен на Алианц Арената пред една недела.

Сер Алекс Фергусон најави дека Вејн Руни ќе се врати за две до три недели односно целта на Црвените Ѓаволи беше напаѓачот да биде подготвен за градското дерби со Сити.

Но денешните издание на весниците од Островото велат дека Руни се опоравува побрзо од предвиденото и тој би можел да направи шокантно враќање на терените за реванш дуелот со Баерн Минхен кој во среда се игра на Олд Трафорд.

The Guardian вели дека Руни одлично одговара на третманот што го добива и би молел да настапи на дуелот со Баварците доколку денеска се појави на тренинг сесијата.

Весникот вели дека Фергусон нема да ризикува доколку постои можност Руни да ја влоши својата состојба, и додава дека според вчерашниот вечерен извештај на лекарскиот тим на Јунајтед, Руни има 40% шанси за настап против Баерн.

Со вакви претпоставки излегоа и Daily Mail и Daily Mirror според кои Руни, со своето изненадувачко враќање на терените, ќе ги зголеми шансите на Јунајтед за пласман во полу-финалето.


0 коментари: