четврток, 8 април 2010

Манчестер Јунајтед 3 - 2 Баерн Минхен:

http://www.ksta.de/ks/images/mdsBild/1264186555006l.jpg
Екипата на Баерн Минхен успеа да се врати од ’мртвите’ и да го елиминира Манчестер Јунајтед во четврт-финалето од Лигата на Шампионите откако на Олд Трафорд се изборија за пораз од 3-2 И покрај најавите на Фергусон дека нема да ризикува со повредениот Руни, англискиот интернационалец се најде во стартниот состав на Манчестер Јунајтед за важниот натпревар од Лигата на Шампионите.

Црвените Ѓаволи требаа да надополнат негатива од 2-1 по првиот натпревар на Алианц Арена и избраниците на Сер Алекс Фергусон го започнаа вечерашниот дуел со Баерн исто како оној пред една недела.

Дарен Гибсон веќе во третата минута го отвори резултатот со одмерен удар од врвот на шеснаесетникот но за погодокот на Јунајтед голема вина сноси и голманот на Баерн кој направи многу лоша проценка.

Во седмата минута веќе следеше нов шок за Баварците. По додавањето на Антонио Валенсија, Нани со петта го совлада Бут и му донесе водство од 2-0 на Манчестер Јунајтед.

Во 12та минута Јунајтед можеше да постигне нов погодок откако Бут повторно реагираше лошо и наместо да исфрли една топка тој ја додаде само до Керик но играчот од средниот ред на Јунајтед не беше прецизен во својот обид.

Во 34та минута младиот Рафел пресече една топка и разви контра-напад за Јунајтед, Бразилецот беше тој што ја финишираше акцијата но биеше само крај голот на Бут иако имаше опција да го проигра осамениот Руни.

Првата посериозна шанса на натпреварот за Баерн му припадна на Олиќ дури во 40та минуте, откако напаѓачот беше одлично проигран од Милер.

Но хрватскиот интернационалец имаше лош прием и му овозможи на Ван дер Сар да излезе и да го блокира неговиот обид.

Веќе во следниот напад на Јунајтед, водството беше зголемено на 3-0 за дилириум на Олд Трафорд.

Валенсија повторно одлично продре по десната страна упати центрашут по земја, на топката налета Нани и Португалецот со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот по втор пат го совлада Бут.

Во тој момент пласманот на Баерн во следната фаза изгледаше невозможна мисија, но Германците уште еднаш го покажа својот карактер да не се откажуваат до самиот крај.

Во 43та минуте на Ивица Олиќ му се укажа шанса откако Карик лошо интервенираше и напаѓачот на Баерн успеа да го совлада Ван дер Сар.

Погодокот како да им даде живот на играчите на Баерн кој похрабро нападнаа кон голот на Манчестер и Робен можеше да постигне нов погодок во завршните мигови од првиот дел но Ван дер Сар со одлична интервенција не дозволи да биде совладан по втор пат.

Во второто полувреме Баерн продолжи со ист стил како од крајот на првиот дел и многу по офанзивно тргна кон голот на Јунајтед.

Работата им ја олесни десниот бек на домакините Рафаел, кој поради втор жолт картон мораше да го заврши натпреварот уште во 50та минута.

По еден час игра Рибери се закани со прекрасен волеј удар од работ на шеснаесетникот но Ван дер Сар со брилијантна одбрана го спаси својот гол.

Во 64та минуте Јунајтед и со играч помалку се закани преку брзиот Нани, но Бут овој пат излезе како поуспешен во дуелот со Португалецот.

На спротивната страна одлична шанса имаше и Гомез но ударот на Германецот заврши само сантиметри над голот на Јунајтед.

На 15 минути до крајот Баерн конечно го постигна долго посакуваниот погодок кој им носеше пласман во следната фаза.

Рибери изведе еден корнер до врвот на шеснаесетникот од каде Робен со брилијантен волеј удар го совлада Ван дер Сар.

До крајот на натпреварот Баерн го користеше вишокот на играч за да ја задржи топката во своите нозе и да го забави темпото на игра.

Јунајтед не беше во можност да креира шанса за погодок и не успеа да се пласира во полу-финалето од Лигата на Шампионите.


0 коментари: