петок, 30 април 2010

Едногодишен договор за Невил:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон се уште има доверба во своите најискусни играчи па по Рајан Гигс и Пол Сколс го продолжи договорот за уште една година со 35-годишниот Гери Невил.

"Невил заслужи нов договор. Неговиот придонес оваа сезона е фантастичен. Она што Гери го направи по едногодишна пауза едноставно е неверојатно", изјави Фергусон при потпишување на договорот со Невил.

Искусниот дефанзивец веќе 18 години игра за "црвените ѓаволи" за кои оваа сезона веќе одигра 27 натпревари, а му недостасуваат уште три меча за да стигне до бројката од 600 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед.


Прочитај повеќе...

Нова награда за Руни:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни доби втора награда за оваа сезона. Тој беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата од Асоцијацијата на новинари, кои пишуваат за фудбалот во Англија. На второто место се најде Дидие Дрогба од Челзи, а трет заврши Карлос Тевез од Манчестер Сити.

"Се радувам на наградата, која се доделува уште од 1948 година и има долга историја и традиција. Сакам да ја искористам можноста за да му се заблагодарам на менаџерот сер Алекс Фергусон, целиот стручен штаб и на моите соиграчи, без чија помош немаше да ја добијам оваа награда", изјави Руни.

Наградата на голгетерот на "црвените ѓаволи" ќе му биде доделена на гала вечера во Лондон на 13 мај.


Прочитај повеќе...

понеделник, 26 април 2010

Руни избран за Најдобар Фудбалер во Премиер Лигата:


Вејн Руни од своите колеги го доби признанието за Најдобар Фудбалр во Годината во Премиер Лигата а Џејмс Милнер беше прогласен за Најдобар Млад Фудбалер Руни важеше фаворит и за двете награди откако има импресивна сезона во дресот на Манчестер Јунајтед постигнувајќи 26 погодоци на 30 наптреваро во Премиер Лигата оваа сезона.

Англискиот интернационалец сепак ја доби само наградата за Најдобар Фудбалер во Годината додека пак ѕвездата на Астон Вила, Џејмс Милнер ја понесе наградата за Најдобар Млад Фудбалер во годината.

24 годишниот Руни го наследи соиграчот од Манчестер Јунајтед освојувајќи ја оваа награда пред Дидиер Дрогба од Челзи, капитенот на Арсенал Цеск Фабрегас и напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез.

“Одлично е чувството за да се освои наградата за Најдобар Фудбалер во Годината бидејќи за неа гласаат играчите.” – рече Руни.

“Ова е нешто што навистина ме прави горд и е голема чест.”

“Се сеќавам дека во 2005 дојдов тука и во 2006 ја добив наградата за Најдобар Млад Фудбалер во Годината.”

“Видок како играчите ја освојуваат главната награда и тоа беше една од моите цели – да го освојам овој трофеј еден ден.”

Руни, кој е првиот Англичанец што ја освојува оваа награда по Џерард во 2006, упати и пофални зборови до својот стратег Сер Алекс Фергусон и влијанието на Шкотот врз неговата кариера.

“Сер Алекс Фергусон е одличен менаџер кој навистина се погрижи јас да станам фудбалерот што сум денес.”

“Неговио глад за успех преминува кај играчите. Одлично е да се види како тој се ближи до својата 70та година и сеуште не се променил.”

“Сигурен сум дека ќе биде тука уште долго време.”


Прочитај повеќе...

сабота, 24 април 2010

Манчестер Јунајтед 3 - 1 Тотенхем:

2009-10 Premier League Manchester United's Portugese midfielder Nani celebrates scoring against Tottenham Hotspur - 0
Манчестер Јунајтед со 3-1 го победи тимот на Тотенхем и се искачи на врвот во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед е новиот лидер во Премиер лигата, Црвените Ѓаволи најмалку до утре ќе бидат на чело на табелата откако денеска го совладаа Тотенхем со 3-1.

По победите над Арсенал и Челзи, Тотенхем е сопрен на Олд Трафорд, Спарси не успеаа да направат уште еден голем резултат.

Заслужена победа на Јунајтед во овој натпревар, тимот на Фергусон беше подобар противник.

Првиот дел од натпреварот заврши без голови, со неколку можности за Јунајтед, најсериозната ја имаше Бербатов, но неговиот удар беше изблокиран.

Сосема поинакво второ полувреме со дури четири гола.

Во 58та минута Асу Екото прави прекршок врз Евра во својот шеснаесетник, судијата покажува на белата точка.

Капитенот Рајан Гигс го реализира ударот од 11 метри за радост на Олд Трафорд и водство на Јунајтед од 1-0.

Течеше 70та минута кога Ледли Кинг со глава погоди за израмнување на резултатот на 1-1, можеби имаше прекршок од дефанзивецот при постигнувањето на голот, сепак тој беше признат.

Десетина минути подоцна одлична акција на Манчестер Јунајтед која завршува со супер финиш на Нани за враќање на водството.

Во 86та минута сите дилеми беа решени Паласиос прави прекршок за пенал врз Нани.

Рајан Гигс уште еднаш сигурен од белата точка за конечен резултат од 3-1.

Челзи утре го игра својот натпревар од ова коло, на Стемфорд Бриџ гостува Стоук, со победа Сините ќе се вратат на врвот.



Прочитај повеќе...

среда, 21 април 2010

Ферги гледа идни ѕвезди во резервниот тим на Јунајтед:

http://images.sportinglife.com/09/11/330/Oliver-Norwood-Celeb2_2384499.jpg
Сер Алекс Фергусон верува дека Манчестер Јунајтед можеби открил играчи кои во иднина ќе бидат ѕвезди откако резервниот тим ја освои титулата

Тренерите Оле Гунар Солскер и Варен Џоиси на резервниот тим Црвените Ѓаволи им го донесоа трофејот за прв пат по пауза од четири години откако вчера резервите на Ливерпул беа поразени од Евертон.

Менаџерот на првиот тим на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е задоволен со ваквиот успех и верува дека од сегашните резервен тим во иднина можат да ’изникнат’ ѕвезди.

“Некои од играчите навистина одиграа добро.” – рече Шкотот за www.manutd.com.

“На пример, во победата од 1-0 над Ливерпул, последната четворка беше брилијантна, тие одиграа навистина добро.”

“Еден или двајца млади играчи се развиваат прилично добро. Габриел Обертан постигна неверојатен погодок.”

“Оливер Норвуд и Кори Еванс играат навистина одлично и имаат одлично однесување кон играта. Ова е важна работа и Оле и Варен помогнаа целиот тим да има правилно однесување.”

Ферги додаде: “Сакам да им честитам на Оле и Варен. Тие завршија одлична работа.”

“Секогаш кога назначуваме нов тренер на резервниот тим, им објаснувам на нив колку е тешка оваа задача поради работите кои треба да се исполнат.”

“Понекогаш јас можам да повлечам тројца или четворица играчи од нивниот тренинг или можам да кажам, ’овие играчи нема да играат за тебе во четврток бидејќи можно е да настапат за мене во сабота’.”



Прочитај повеќе...

сабота, 17 април 2010

Манчестер Сити 0 - 1 Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед со гол во 93та минута на Пол Сколс го победи градскиот ривал Сити и ги задржи шансите за шампионската титула.
Манчестер Јунајтед го доби големото градско дерби против Сити, Пол Сколс во 93та минута им донесе три многу значајни бодови на Црвените Ѓаволи.

Сити влезе со големи амбиции во овој дуел, подготвен за одмазда за поразот на Олд Трафорд во првиот дел од сезоната.

Но работите на теренот не се одвиваа според нивните желби, Манчестер Јунајтед беше тимот кој дојде до целиот плен.

Дерби натпреварот не понуди добар фудбал, тоа беше тврд натпревар со многу јалови обиди за гол, без многу идеални прилики.

Во првиот дел, Вејн Руни и Рајан Гигс имаа одлични можности за гол, кои не успеаа да ги реализираат.

Домаќините најсериозната закана во првото полувреме ја имаа преку Карлос Тевез од слободен удар, но Ван дер Сар беше сигурен.

Вториот дел продолжи слично, без посериозни прилики за гол.

Манчестер Сити имаше одлична шанса во 85та минута кога најпрво Виеира а потоа и Онуоха не успеаа да искористат еден кикс на Ван дер Сар.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 93та минута кога по центаршут на Евра, Сколс со глава ја тресе мрежата на Гивен за голема победа на Јунајтед.

Со овие три бода Манчестер Јунајтед се доближи на бод до лидерот Челзи кој денеска има тешко гостување на Вајт Харт Лејн.


Прочитај повеќе...

Сколс стави потпис на нов договор со Јунајтед:

http://images.sportinglife.com/09/12/330/Paul-Scholes-Manchester-United_2394393.jpg
Екипата на Манчестер Јунајтед соопшти дека Пол Сколс ставил потписн на едногодишен договор според кој ќе остане во клубот до јуни 2011 35 годишниот играч од средниот ред целата своја кариера ја помина со Црвените Ѓаволи произлегувајќи од нивната младинска школа.

Сер Алекс Фергусон подолго време го убедуваше Сколс да стави потпис на нов договор и конечно ветеренот ја продолжи верноста со Јунајтед за уште една година.

“Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека Пол Сколс стави потпис на нов едногодишен договор, според кој ќе остане во клубот до јуни 2011.” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Манчестер Јунајтед.

За официјалната веб страна на Јунајтед, Фегусон рече: “Задоволни сме што Пол останува со нас уште една година.”

“Неговата форма од оваа година индицира дека неговата способнност и уивање во играте се силни како и секогаш, и тоа е доволна причина за тој да остане.”

“Имаше инвормации дека тој сака да се пензионира, но кога ќе видите колку тој ужива на тренинзите и натпреварите, можете да видите колку сака да продолжи.”

Самиот Сколс исто така е задоволен од новиот договор.

“Среќен сум што ставив потпис на нов договор. Се чувствувам добро и уживам во фудбалот.”

“Сакам да му се заблагодарам на менаџерот, на тренерскиот персонал и сите фанови што продолжуваат да ми даваат поддршка.”



Прочитај повеќе...

петок, 16 април 2010

Фергусон се интересира за Милнер:

http://www.footballfancast.com/wp-content/uploads/2009/11/james-milner-300x193.jpg
Манчестер Јунајтед ги следи преговорите на Џејмс Милнер со Астон Вила за нов договор, Алекс Фергусон посакува да го освежи тимот. Големи се шансите Манчестер Јунајтед да не успее да ја освои титулата во Премиер лигата, тоа ќе значи дека Црвените Ѓаволи оваа сезона ќе ја завршат само со освоен Карлинг Куп.

Тој факт е разочарувачки за шампионскиот тим на Манчестер Јунајтед, па клубот подготвува буџет од околу 80 милиони фунти за засилувања.

Еден од фудбалерите кои се цел на Фергусон е и Џејмс Милнер кој игра одлична сезона во Астон Вила.

24-годишниот Милнер има уште две години од договорот со Астон Вила, но по завршувањето на сезоната ќе започне преговори за нов четиригодишен со повисока плата.

Фергусон посакува да го засили средниот ред, бидејќи во него се Рајан Гигс и Полс Сколс кои се на залезот од кариерите, како и повредените Овен Харгривс и Андерсон.

Покрај за Милнер, Фергусон посакува да го засили и нападот со Карим Бензема, како и голманската позиција со Хуго Лори.



Прочитај повеќе...

четврток, 15 април 2010

Бербатов не сака да го напушти Манчестер Јунајтед:

http://www.premierleague.com/javaImages/cc/81/0,,12306~7307724,00.jpg
Агентот на Димитар Бербатов вели дека напаѓачот не сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Се почести се шпекулациите дека Димитар Бербатов ќе си замине од Олд Трафорд.

Јунајтед плати цели 30.75 милиони фунти за ангажман на Бербатов од Тотенхем, но бугарскиот фудбалер игра под сите очекувања.

Манчестер Јунајтед е подготвен да го освежи тимот за следната сезона откако во оваа многу лесно може да се случи да остане само со титула во Карлинг Купот.

Агентот на Бербатов, Емилн Данчев вели дека Фергусон не кажал ништо за евентуално заминување на фудбалерот.

"Нема објективна причина за негов трансфер, тоа се само напади од медиумите" - смета неговиот агент.

"Не сум слушнал за интерес од друг клуб, ниту Манчестер Јунајтед не ми кажал ништо".

"Сер Алекс Фергусон покажа дека има доверба во Бербатов, и јас ќе му верувам на стратегот" - заврши агентот.



Прочитај повеќе...

понеделник, 12 април 2010

Блекбурн 0 - 0 Манчестер Јунајтед:

http://m.gmgrd.co.uk/res/962.$plit/C_71_article_1134591_image_list_image_list_item_0_image.jpg?01%2F09%2F2009%2012%3A36%3A38%3A251
Манчестер Јунајтед одигра само 0-0 против Блекбурн, киксна и Ливерпул против Фулам, Сити убедливо со 5-1 го победи Бирмингем. Манчестер Јунајтед не успеа ги освои трите бода од гостувањето кај Блекбурн, одигра само 0-0.

Со победа Црвените Ѓаволи ќе избиеа на чело на табелата во Премиер лигата, вака се се подалеку од одбрана на тронот.



Прочитај повеќе...

петок, 9 април 2010

Дејвид Гил навестува нови засилувања за Црвените Ѓаволи:

http://www.contra.gr/images/davidgill.jpg
Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил навестува дека тие ќе ангажираат уште неколку играчи ова лето Актуелниот шампион во Премиер Лигата веќе ги започна плановите за следната сезона откако го ангажираа 21 годишниот Мексиканец од Чивас, Хавиер Хернандез.

Дефанзивецот на Фулам, Крис Смајлинг е уште еден играч што ќе пристигне на Олд Трафорд во јули.

Сер Алекс Фергусон неодамна најави дека Јунајтед ова лето нема да троши енормни суми за засилување на составот но извршниот директор Дејвид Гил очекува во клубот да пристигнат нови играчи.

“Ние започнавме со планирање на следната сезона.” – рече Гил за MUTV.

“Веќе го ангажиравме Крис Смајлинг од Фулам и многу сме возбудени што тој ќе ни се приклучи во јули.”

“Ајде да видиме што ќе се случи. Внимавајте на следниот период.”

Медиумите од Островото утрово објавија дека Давид Виља е дел од трансфер желбите на Јунајтед, но за реализација на овој трансфер, Валенсија ќе треба да ја намали цената на напаѓачот зошто Црвените Ѓаволи не можеле да си дозволат 40 милиони фунти за ангажман на играчот.

Исто така со преселба на Олд Трафорд се поврзува и Карим Бензема, кој и минатото лето беше трансфер цел на Ферги.

Кралевите испратија подобра понуда и напаѓачот заврши на Сантијаго Бернабе но францускиот интернационалец има разочарувачка прва сезона и игра далеку под очекувањата.



Прочитај повеќе...

четврток, 8 април 2010

Хавиер Хернандез нов играч на Манчестер Јунајтед:

http://i599.photobucket.com/albums/tt71/RafaelBarrera2009/JHernandez.jpg

Манчестер Јунајтед може да објави дека е постигнат договор со мексиканскиот клуб, Чивас де Гвадалахара за трансфер на 21 годишниот репрезентативен напаѓач на Мексико Хавиер Хернандез попознат како "Chicharito" и ќе биде поднсено барање за работна дозвола - гласеше соопштението на официјалната страна на Јунајтед

Барање за работна дозвола ќе биде поднесено наскоро. Доколку Хернандез добие работна дозвола тој ќе стане играч на Манчестер Јунајтед на 1 Јули 2010. Како дел од договорот е и дека Јунајтед ќе одигра натпревар со Чивас де Гвадалахара на отварањето на новиот стадион на мексиканците кој ќе собира 45,000 гледачи.

Сер Алекс Фергусон изјави: "Јас сум презадоволен што ќе го имам на располагање младиот и талентиран напаѓач. Тој ќе биде одлично засилување за нашиот состав."

"Ние ќе го отвориме новиот стадион на Гвадалахара со натпревар во Јули."



Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 3 - 2 Баерн Минхен:

http://www.ksta.de/ks/images/mdsBild/1264186555006l.jpg
Екипата на Баерн Минхен успеа да се врати од ’мртвите’ и да го елиминира Манчестер Јунајтед во четврт-финалето од Лигата на Шампионите откако на Олд Трафорд се изборија за пораз од 3-2 И покрај најавите на Фергусон дека нема да ризикува со повредениот Руни, англискиот интернационалец се најде во стартниот состав на Манчестер Јунајтед за важниот натпревар од Лигата на Шампионите.

Црвените Ѓаволи требаа да надополнат негатива од 2-1 по првиот натпревар на Алианц Арена и избраниците на Сер Алекс Фергусон го започнаа вечерашниот дуел со Баерн исто како оној пред една недела.

Дарен Гибсон веќе во третата минута го отвори резултатот со одмерен удар од врвот на шеснаесетникот но за погодокот на Јунајтед голема вина сноси и голманот на Баерн кој направи многу лоша проценка.

Во седмата минута веќе следеше нов шок за Баварците. По додавањето на Антонио Валенсија, Нани со петта го совлада Бут и му донесе водство од 2-0 на Манчестер Јунајтед.

Во 12та минута Јунајтед можеше да постигне нов погодок откако Бут повторно реагираше лошо и наместо да исфрли една топка тој ја додаде само до Керик но играчот од средниот ред на Јунајтед не беше прецизен во својот обид.

Во 34та минута младиот Рафел пресече една топка и разви контра-напад за Јунајтед, Бразилецот беше тој што ја финишираше акцијата но биеше само крај голот на Бут иако имаше опција да го проигра осамениот Руни.

Првата посериозна шанса на натпреварот за Баерн му припадна на Олиќ дури во 40та минуте, откако напаѓачот беше одлично проигран од Милер.

Но хрватскиот интернационалец имаше лош прием и му овозможи на Ван дер Сар да излезе и да го блокира неговиот обид.

Веќе во следниот напад на Јунајтед, водството беше зголемено на 3-0 за дилириум на Олд Трафорд.

Валенсија повторно одлично продре по десната страна упати центрашут по земја, на топката налета Нани и Португалецот со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот по втор пат го совлада Бут.

Во тој момент пласманот на Баерн во следната фаза изгледаше невозможна мисија, но Германците уште еднаш го покажа својот карактер да не се откажуваат до самиот крај.

Во 43та минуте на Ивица Олиќ му се укажа шанса откако Карик лошо интервенираше и напаѓачот на Баерн успеа да го совлада Ван дер Сар.

Погодокот како да им даде живот на играчите на Баерн кој похрабро нападнаа кон голот на Манчестер и Робен можеше да постигне нов погодок во завршните мигови од првиот дел но Ван дер Сар со одлична интервенција не дозволи да биде совладан по втор пат.

Во второто полувреме Баерн продолжи со ист стил како од крајот на првиот дел и многу по офанзивно тргна кон голот на Јунајтед.

Работата им ја олесни десниот бек на домакините Рафаел, кој поради втор жолт картон мораше да го заврши натпреварот уште во 50та минута.

По еден час игра Рибери се закани со прекрасен волеј удар од работ на шеснаесетникот но Ван дер Сар со брилијантна одбрана го спаси својот гол.

Во 64та минуте Јунајтед и со играч помалку се закани преку брзиот Нани, но Бут овој пат излезе како поуспешен во дуелот со Португалецот.

На спротивната страна одлична шанса имаше и Гомез но ударот на Германецот заврши само сантиметри над голот на Јунајтед.

На 15 минути до крајот Баерн конечно го постигна долго посакуваниот погодок кој им носеше пласман во следната фаза.

Рибери изведе еден корнер до врвот на шеснаесетникот од каде Робен со брилијантен волеј удар го совлада Ван дер Сар.

До крајот на натпреварот Баерн го користеше вишокот на играч за да ја задржи топката во своите нозе и да го забави темпото на игра.

Јунајтед не беше во можност да креира шанса за погодок и не успеа да се пласира во полу-финалето од Лигата на Шампионите.



Прочитај повеќе...

понеделник, 5 април 2010

Руни би можел да настапи против Баерн Минхен?

http://multimedia.heraldinteractive.com/images/c487019f20_WayneRooney.jpg
Според медиумите од Англија, Вејн Руни има брз прогрес во опоравувањето од повредата и 40% шанси за настап против Баерн Минхен во Лигата на Шампионите Англискиот интернационалец заработи ’мало оштетување на лигаментите на зглобот’ на натпреварот против Баерн Минхен на Алианц Арената пред една недела.

Сер Алекс Фергусон најави дека Вејн Руни ќе се врати за две до три недели односно целта на Црвените Ѓаволи беше напаѓачот да биде подготвен за градското дерби со Сити.

Но денешните издание на весниците од Островото велат дека Руни се опоравува побрзо од предвиденото и тој би можел да направи шокантно враќање на терените за реванш дуелот со Баерн Минхен кој во среда се игра на Олд Трафорд.

The Guardian вели дека Руни одлично одговара на третманот што го добива и би молел да настапи на дуелот со Баварците доколку денеска се појави на тренинг сесијата.

Весникот вели дека Фергусон нема да ризикува доколку постои можност Руни да ја влоши својата состојба, и додава дека според вчерашниот вечерен извештај на лекарскиот тим на Јунајтед, Руни има 40% шанси за настап против Баерн.

Со вакви претпоставки излегоа и Daily Mail и Daily Mirror според кои Руни, со своето изненадувачко враќање на терените, ќе ги зголеми шансите на Јунајтед за пласман во полу-финалето.



Прочитај повеќе...

Манчестер Јунајтед 1 - 2 Челзи:

http://futbolenojotas.files.wordpress.com/2008/05/drogba-2.jpg
Челзи го доби големото дерби против Манчестер Јунајтед, Сините славеа со 2-1 на Олд Трафорд и се искачија на врвот во Премиер лигата. Челзи славеше голема победа на дерби натпреварот против Манчестер Јунајтед, Сините со 2-1 го совладаа шампионот и се искачија на врвот во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, со победа Црвените Ѓаволи ќе беа на чекор до титулата, но тоа не се случи.

Натпреварот започна без многу шанси за гол, главно се играше по средината на теренот.

Така беше се до 19та минута кога по еден одличен пробив на Малуда, Џо Кол постигнува гол со пета за водство на Челзи од 1-0.

Во 25та минута, Парк имаше дуел во шеснаесетникот на Челзи со Жирков, судијата не покажа на белата точка за домаќините.

Неколку минути подоцна Гери Невил го фаулираше Николас Анелка во сопствениот шеснаесетник, но и овој пат судијата не се реши да покаже на белата точка.

Пред крајот на првиот дел имаше уште една сомнителна ситуација, Лампард во шеснаесетникот на Челзи, му ја одзема топката на Бербатов но и го удри, судијата одново одмавна.

Манчестер Јунајтед не успеа да посериозно да се закани во првиот дел, но во второто полувреме тргна поагресивно.

Сепак, Челзи преку Фереира веднаш влезе во шанса, но дефанзивецот на Сините не биеше најдобро.

Се играше на половината на гостите, но Манчестер Јунајтед не успеваше да направи добра можност, најсериозната ја имаше Бербатов но неговиот удар со глава заврши крај голот на Чех.

Во 78та минута асистенција на Калу до Дрогба, овој ја тресе мрежата на Ван дер Сар за водство на Сините и од 2-0.

При постигнувањето на голот Дрогба беше во офсајд, сепак тоа не го забележа помошникот судија.

Две минути подоцна Фредерико Македа постигнува гол со рака, Јунајтед намалува на 2-1, нова грешка на судијата.

Во 90та минута Бербатов имаше можност но Чех го скроти неговиот не толку опасен удар.

Голема победа за Челзи, незгоден пораз за Манчестер Јунајтед, продолжува неизвесноста во битката за титулата.



Прочитај повеќе...

петок, 2 април 2010

Овен Харгривс пред враќање на терените:

http://static.soccerway.com/photo_dynamic/orig/250/relative/12426862500.jpg
Сер Алекс Фергусон навести дека Овен Харгрвис би можел да се најде во составот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Челзи Играчот од средниот ред нема настап за првиот тим на Јунајтед откако во септември 2008 замина на операција на двете колена.

Во последните неколку месеци тој постојано правеше чекор нанапред кон враќањето на терените и веќе одигра еден натпревар за резервнит тим на Јунајтед.

Харгривс сега тренира со првиот тим на Црвените Ѓаволи и Фергусон навестува дека е можно англискиот интернационалец да биде дел од тимот што ќе игра утре против Челзи.

На располагање Ферги повторно го има и Џон О’Шеј.

“Џон О’Шеј и Овен Харгривс тренираа добро со првиот тим.” – рече Фергусон.

“Тие не се далеку од враќање на терените и би можел да употребам еден од нив како замена на утрешниот дуел или на оној во среда.”

“Џон О’Шеј практично заврши многу работа. Момчето одлично се однесуваше на тренинзите во последните две или три недели.”

“Доколку на едниот играч му укажам шанса утре а на другиот во среда, тоа ќе им овозможи голема самодоверба.”

“Тоа е она што им е потребно.”


Прочитај повеќе...

Преглед: Манчестер Јунајтед - Челзи:

http://i21.photobucket.com/albums/b269/DeinReinhardLegi/ManUtdvsChelsea.jpg
Сабота, 03.04 - 2010 - 13:45
Манчестер, Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед го пречекува Челзи на Олд Трафорд во директената пресмтека за тронот во премиер лигата.

Лидерите и шампионите имаат еден бод предност во однос на Челзи пред утрешната битка псоле која остануваат само уште пет натпревари до крајот на сезоната.

Арсенал исто така не треба да биде отпишан од борбата за тиутлата но повредата на Цеск Фабрегас здобиена на дуелот со Барселона е голем проблем за тимот на Венгер.

Англиските фанови можеби беа во стравувања дека Руни нема да биде подготвен за Светското првенство но сепак Фергусон изјави дека Руни нема тешка повреда и дека ќе биде во аут од 2 до 3 недели. Руни нема да настапи на дуелот со Челзи и Баерн Минхен.

Димитар Бербатов најверојатно ќе биде замената за Вејн Руни во периодот кој следува.

http://www.dnaindia.com/img/1365819.jpg

Сер Алекс Фергусон не беше задоволен од неговиот тим како одигра на Алианц арената против Баерн поради што неговиот тим изгуби.

Фергусон најверојатно ќе смени нешто во почетниот тим за утрешниот натпревар и се очекува Луис Антони Валенсија и Рајан Гигс да бида во првиот состав.

Додека Јунајтед очекува Руни што побрзо да се врати на терените Челзи се радува на враќањето на Дидиер Дрогба во првиот тим.

Интернационалецот на Брегот на Слоновата Коска не настапи на дуелот кој Челзи го доби со 7-1 во победата над Астон Вила.

Карло Анчелоти исто така има проблеми со повредени играчи. Повредени се Есиен, Ивановиќ, Ешли Кол. Карваљо, Микел и Босингва.

Челзи победи на Стемфорд Бриџ со 1-0 но претходно Јунајтед го согази Челзи на Олд Трафорд со 3-0.

Можни состави:
Манчестер Јунајтед: Ван дер Сар, Невил, Видиќ, Фердинанд, Евра, Флечер, Нани, Керик, Парк, Гигс и Бербатов.

Челзи: Чех, Фереира, Алекс, Тери, Жирков, Лампард, Малуда, Џо Кол, Анелка, Балак и Дрогба.





Прочитај повеќе...

Фабио во Јунајтед до 2014:

The image “https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEj5AW4LPGSOyPeeWRb0P6FgqkUcyPerON9PhAhNMSJcSKbqQilluap53y-f-de6YVCUpifKktL5n-Qsoqn7PWCN1feoPMeEeWAu6xMGEPrDo1PUpUljuk3AYlWu1f0jjdADKJvyt_yofwg/s320/f10.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.
Бразилскиот бек Фабио да Силва потпиша продолжување на својот договор со Манчестер Јунајтед кој го обврзува да остане до Јуни 2014.

20 годишниот бек кој има тринаесет настапи за првиот тим на Јунајтед Фергусон го гледа како голема идна ѕвезда во тимот.

"Фабио се прилагоди во клубот многу добро. Тој е природен фудбалер за неговата возраст и одличен играч кој лесно може да се транформира и да оди во напад." - изјави Фергусон

"Тој имаше проблеми со повреди но тој се снајде во Манчестер Јунајтед и во следните неколку години тој ќе прерасне во фантастичен играч."

Фабио да Силва: "Играњето за Манчестер Јунајтед е сон за секој млад играч. Јас сум многу среќен што мојата иднина леши во клубот. За времето кое тренирав досега научив многу работи од моите соиграчи. Се надевам како што поминува времето јас се повеќе ќе се трудам да придонесам за клубот."


Прочитај повеќе...

Фергусон: Руни ќе отсуствува од 2 до 3 недели:

http://www.arsenalhighlights.com/wp-content/uploads/2009/06/alex_ferguson.gif
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека Вејн Руни ќе биде надвор од стројот во следните две до три недели Англискиот интернационалец се повреди во завршните мигови од дуелот помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед одигран во вторникот на Алианц Арената.

По прв момент постоеа стравувања дека Руни би можел да го пропушти и Светското Првенство доколку напаѓачот посериозно ги повредил лигаментите на десниог зглоб.

Портпаролот на Црвените Ѓаволи вчера ги отфрли таквите стравувања велејќи дека Руни има само ’мало оштетување на лигаментите’, но тој не даде одговор колку време ќе паузира напаѓачот.

Утринава во пресрет на редовната прес-конференција за големото дерби со Челзи, Сер Алекс Фергусон даде кусо интервју за ТВ Каналот на Манчестер Јунајтед во кое потврди дека Руни ќе отсуствува од две до три недели.

Стратегот на Јунајтед исто така додаде дека ’нацијата може да престани да се моли’ бидејќи Вејн ќе биде подготвен за мондијалот во Јужна Африка.

“Руни нема оштетување на коската ниту пак сериозно оштетување на лигаментите. Нацијата може да престане да се моли.“ - рече Фергусон.

“Признавам дека бевме во паника. Но сега можеме да дишеме полесно. Стравувавме во пресрет на деталните прегледи но се надеваваме дека ќе добиеме добри вести.”

“И тие можеа да бидат полоши доколку го погледнете начинот на кој поткривнуваше.”

“Тој ќе пропушти неколку важни натпревари но ќе се врати за две до три недели.”

Поради повреда Руни сега ќе го пропушти утрешниот клучен дуел со Челзи во биткта за титулата како и реванш дуелот со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите.

Сепак англискиот интернационалец би можел да се врати за дербито на Манчестер кое се игра на 17 април.


Прочитај повеќе...

четврток, 1 април 2010

Јунајтед во исчекување на повредата на Вејн Руни:

http://www.dnaindia.com/img/1365819.jpg
Екипата на Манчестер Јунајтед ќе биде во нервозно исчекување за повредата на Вејн Руни кој го напушти пред време дуелот со Баерн Минхен потскокнувајќи на една нога Руни се повреди во завршните мигови од натпреварот на Алианц Арената откако Марио Гомез згазна врз неговата нога.

Сер Алекс Фергусон вели дека лекарскиот тим сеуште врши прегледи врз напаѓачот и утре тие повеќе ќе знаат за повредата на играчот.

“Тој доби удар во зглобот, ќе треба да почекаме до утре за да видиме каква е неговата состојба.” – рече Фергусон.

“Се надевам дека не е ништо сериозно. Тој можеби е неизвесен за дуелот со Челзи но сеуште е прерано да се каже нешто.”

“Тој во момнетов добива третман од нашиот лекарски тим. Ќе видиме утре каква е неговата повреда.”

Медиумите од Англија стравуваат дека е можно Руни да ги повредли лигаментите на сколниот зглоб и доколку тоа е точниот тим на повредата англискиот интернационалец ќе паузира долг период.

После анализата од страна на лекарскиот тим на Јунајтед е потврдено дека Руни нема тешка повреда и дека можно да биде аут само 2 до 4 недели.


Прочитај повеќе...

Баерн Минхен 2 - 1 Манчестер Јунајтед:

http://www.ksta.de/ks/images/mdsBild/1254229990867l.jpg
Со погодок на Олиќ пред самиот крај на натпреварот Баерн Минхен славеше со 2-1 на Алијанц Арената во првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на Шампионите. Баерн Минхен ја доби првата битка против Манчестер Јунајтед, Баварците со погодок во последната минута славеа со 2-1.

Одличен натпревар на Алијанц Арената, Црвените Ѓаволи први дојдоа во водство, но Баерн Минхен комплетно го сврте натпреварот.

Започна да тече втората минута на натпреварот кога се случи голем шок за домашната публика, по асистенција на Нани, лоша интервенција на одбраната на Баерн Минхен, Руни се најде осамен и не му беше тешко да реализира, 0-1.

Баерн Минхен уште не влезе во натпреварот а веќе губеше со 1-0.

Баварците веднаш тргнаа во офанзива, барајќи израмнување, домаќините ја имаа иницијативата, почесто се играше пред голот на Ван дер Сар.

Но, во 21та минута Нани ја погоди пречката од голот на Бут, многу лесно можеше да се случи Јунајтед да поведе и со 2-0.

Баерн Минхен преку Ивица Олиќ и Алтинтоп имаше прекрасни можности да израмни не не реализираше.

Во последните пет минути од првиот дел, Манчестер Јунајтед беше подобриот тим, создавајќи неколку можности преку Руни.

Во вториот дел продолжи доминацијата на Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед играше поповлечено.

Баварците се обидуваа, шутираа, но Ван дер Сар беше фантастичен на голот на Црвените Ѓаволи.

Во 77та минута, Невил игра со рака, слободен удар за Баерн Минхен, Рибери шутира, топката удри во Руни и заврши во мрежата на гостите, израмнување на 1-1.

Шест минути подоцна Јунајтед имаше прекрасна шанса да го врати водството, Немања Видиќ со глава ја погоди пречката од голот на Бут.

Во 90та минута Гомез влезе во фантастична шанса, биеше, Ван дер Сар уште еднаш ги покажа своите квалитети.

Но, во 92та голманот на Јунајтед беше немоќен, Ивица Олиќ одзема една топка на одбраната на Јунајтед, и погоди за победа на Баерн Минхен, огромна радост на Алијанц Арената.

Заслужена победа на Баерн Минхен, Баварците ја добија првата битка, кој ќе ја добие војната, останува да видиме по реваншот на Олд Трафорд.



Прочитај повеќе...