недела, 12 септември 2010

Премиер Лига: Евертон 3 - 3 Манчестер Јунајтед:

- 0
Во натпревар со неверојатен финиш, Манчестер Јунајтед испушти победа на Гудисон Парк, натпреварот заврши 3-3...


Евертон и Манчестер Јунајтед одиграа интересен натпревар со драматичен финиш кој заврши без победник 3-3.

Црвените Ѓаволи водеа 3-1 се до 90та минута, но во судиското продолжение Евертон постигна два гола и дојде до голем бод.

Вејн Руни не настапи на овој натпревар, навивачите на Евертон беа подготвени за жесток пречек на нивниот поранешен фудбалер, но Фергусон не им го дозволи тоа задоволство.

Домаќините први го отворија резултатот, Пиенар по асистенција на Лион Осмар реализира за голема радост на Гудисон Парк.

Радоста траеше само три минути, во 42та Дарен Флечер постигнува погодок за израмнување на 1-1.

Само што почна вториот дел, Манчестер Јунајтед прави комплетен пресврт, асистенција на Нани, гол на Немања Видиќ, 1-2 за гостите.

Во 66та минута Димитар Бербатов убаво беше проигран од Сколс, излезе сам пред Хауард, одлично пласираше за водство од 3-1 за Јунајтед.

Во моментите кога веројатно никој не помислуваше дека Манчестер Јунајтед може да ги загуби трите бода, се случи големо изненадување.

Во 90та минута најпрво Кејхил намалува на 3-2, а веднаш потоа и Микел Артета постигнува гол за конечен резултат од 3-3.

Со оглед на развојот на настаните на теренот голем бод за Евертон, Манчестер Јунајтед испушти два значајни бода.

Хајлајтс од мечот можете да проследите тука.





0 коментари: