недела, 19 септември 2010

Премиер Лига: Манчестер Јунајтед 3 - 2 Ливерпул:

- 0
Манчестер Јунајтед го доби големото дерби против Ливерпул, одличен натпревар во кој главната улога ја имаше Димитар Бербатов!


Манчестер Јунајтед со 3-2 го доби големиот дерби натпревар против тимот на Ливерпул, Црвените Ѓаволи беа подобриот противник и заслужено го добија овој дуел.

Димитар Бербатов е херојот на Јунајтед, бугарскиот интернационалец реализираше исклучително важен хет-трик кој му донесе голема победа на неговиот тим.

Ливерпул успеа да се врати од негатива од два разлика, но на крајот со пораз заминува од Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед уште од првата минута тргна офанзивно кон голот на Пепе Реина, Ливерпул тешко успеваше да воспостави рамнотежа.

Дури по 30 минути игра Црвените почнаа полека да го загрозуваат голот на Ван дер Сар.

Но на три минути пред крајот на првото полувреме, по асистенција на Рајан Гигс, Димитар Бербатов постигна гол за водство на Јунајтед од 1-0.

Домаќините продолжија да напаѓаат и во второто полувреме, во 59та минута Бербатов постигнува неверојатен погодок за нова радост на Олд Трафорд.

Само пет минути подоцна, Џони Еванс прави прекршок за пенал во сопствениот шенаесетник.

Стивен Џерард беше сигурен реализатор на најстрогата казна, Ливерпул намалува на 2-1.

Во 70та минута Ливерпул израмнува на 2-2, Џерард постигнува нов гол, овој пат од слободен удар, грешка во живиот ѕид на Манчестер Јунајтед.

Тимот на Фергусон го засили темпото со цел да дојде до ново водство, тоа им успеа во 84та минута, кога по центаршут на Ошеј, Бербатов постигнува гол со глава за негов хет-трик и победа на Манчестер Јунајтед од 3-2.

Голема победа на Црвените Ѓаволи, триумф за подигнување на моралот во пресрет на продолжението од сезоната.






0 коментари: