среда, 8 септември 2010

Нани: Го живеам мојот сон:


Ѕвездата на Јунајтед Нани вели дека го живее својот сон...


Португалското крило Нани вели дека и пред да направи трансфер во Јунајтед тој го има посетено Олд Трафорд и кога бил во солбекувалната на Олд Трафорд рекол дека еден ден тој ќе си обезбеди место.

Во ексклузивно интервју за Inside United Нани раскажува за својата посета како млад на Олд Трафорд и до каде далеку стигнал од тој ден.

"Дојдов со мојот пријател и бевме на стадионот и музејот. Се сеќавам кога седнав на местото на Роналдо, Гигс и Руни. Бев воодушевен."

"Седев на местото и реков замисли како е да се биде стварно играч на Јунајтед и за две години бев во првиот тим на Јунајтед. Бев пресреќен кога потпишав."

Нани го обајснува чувството на важен играч за Манчестер Јунајтед и дека во Манчестер се чувствува како дома.

"Животот овде е многу убав - јас сум постар, поискусен и посамоуверен но најдобрата нешто е дека играм за Манчестер Јунајтед и ја имам можноста да играм фудбал и да се борам за трофеи. Веќе четврта сезона сум тука и се чувствувам како дома."





0 коментари: