сабота, 18 септември 2010

Харгривс се поблиску до враќање на терените:

- 0
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Овен Харгривс е блиску до враќање на терените, ова го потврди докторот кој го оперираше, Ричард Стедман...


Харгривс се бори со повреди веќе долго време, во моментов се опоравува од операцијата на коленото, доктор Стедман вели дека е блиску до опоравување и враќање на теренот.

"Работите изгледаат добро за Овен, се се одвива како што треба" - изјави доктор Стедман за BBC Sport.

"Тој е блиску до враќање на теренот, иако Манчестер Јунајтед е тој што ќе одлучи кога ќе го внесе во игра".

"Тој беше со нас пред неколку недели и има навистина одличен напредок, трча брзо, прави вежби, се е одлично".

"Харгривс никогаш не се предава и ние не се откажуваме од него. Беше потребно долго време за враќање, но тој беше трпелив" - заврши докторот.







0 коментари: