понеделник, 20 септември 2010

Видиќ горд што ја носи капитенската лента:

http://totalfootballmadness.com/wp-content/uploads/2010/08/Nemanja-Vidic.jpg
Немања Видиќ е убеден дека со носењето на капитенската лента во Манчестер Јунајтед ќе стане подобар фудбалер...


Српскиот интернационалец ја носи капитенската лента во воведните кола од новата сезона откако Гери Невил сеуште се мачи со фитнесот.

Поради честите повреди Сер Алекс Фергусон реши да му ја одземе капитенската лента на искусниот дефанзивец а поради не можноста Рајан Гигс и Рио Фердинанд да настапуваат на секој натпревар, Шкотот го потврди Видиќ како капитен за оваа сезона.

Дефанзиевот е среќен да ја прифати оваа одговорност и е убеден дека ќе може да учи од претходните капитени на Олд Трафорд.

“Тоа што сум капитен ќе донесе дополнителен квалитет во мојата игра.” – рече Видиќ.

“Сеуште го правам она што го правев и претходно; го давам најдоброто со цел да му помогнам на тимот, но во исто време се обидувам да го подигнам нивото на мојата игра со цел да играм подобро.”

“Имам голема одговорност, но како што кажав и претходно, Гери, Рајан и Рио ја носеа капитенската лента во изминативе години и тие беа добри примери за играчите.”

“Кога имате такви луѓе околу вас, работите се полесни.”



0 коментари: