сабота, 18 септември 2010

Фергусон: Валенсија може да се врати кон крајот на февруари:

http://www.manutdclubsite.com/wp-content/uploads/2009/08/luis-antonio-valencia.jpg
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон откри дека Антонио Валенсија би можел да се врати на терените кон крајот на февруари...



Крилото на ’Црвените Ѓаволи’ во вторникот заработи тешка повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Глазгов Ренџерс во Лигата на Шампионите при еден дуел со Кирк Брадфут.

Вчера врз интернационалецот од Еквадор успешно беше извршена операција и се стравуваше дека Антонио Валенсија ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.

Но денеска Сер Алекс Фергусон, кој во прв момент стравуваше дека сезоната за Валенсија е завршена, откри дека играчот треба да се врати на терените кон крајот на февруари.

“Никогаш не можете да бидете 100% точни во вакви ситуации и повредата навистина е лоша, но очекуваме тој да се опорави до крајот на февруари.” – рече Фергусон.

“Тоа е подобра во споредба со она што го мислевме во вторникот.”

Ферги потоа додаде: “Операцијата беше успешна и скршеницата беше поправена, тоа беше најголемата загриженост за нас.”

“Тој е силно момче, и е многу позитивен за целата ситуација.”

“Тоа што сте позитивни ви помага во овие ситуации, па се надеваме дека тој ќе се врати кон крајот на февруари.”







0 коментари: