сабота, 18 септември 2010

Сер Алекс Фергусон: Видиќ останува нашиот капитен:

http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2010/02/05/article-0-079D21DA000005DC-917_308x358.jpg
Фергусон потврди дека Видиќ ќе го води Јунајтед против Ливерпул без разлика на тоа дали во стартниот тим ќе биде Фердинанд, Гигс или Сколс...



И покрај тоа што српскиот интернационалец ќе го води Јунајтед против Ливерпул Гери Невил останува како официјален клупски капитен.

Рио Фердинанд ја носеше капитенската лента на мечот со Ренџерс но Видиќ не играше и се шпекулираше дека можеби тој ќе биде капитен за Манчестер против Ливерпул.

"Ние сакаме капитен кој ќе игра постојано за нас, секоја недела" - изјави Ферги за MUTV

"Секогаш кога Видиќ ќе е фит ќе игра за нашиот тим. Не можеш да го изостави од тимот, единствено доколку сакаш да го одмориш."

"Тој ја започна сезоната како капитен и така ќе остане."





0 коментари: