среда, 29 септември 2010

Преглед: Валенсија - Манчестер Јунајтед:

http://parroquiasanjeronimo.files.wordpress.com/2008/12/valencia-cf.jpg?w=360&h=270
29 - Септември, 2010 - 20:45 h
Местаља, Валенсија



Долгочекуван натпревар за двата тима. Валенсија се наоѓа во одлична форма и го пречекува Јунајтед на Местаља додека Манчестер доаѓа во Валенсија со нецелосен прв тим.

Манчестер Јунајтед на овој натпревар ќе биде без Пол Сколс, Рајан Гигс и Вејн Руни. Пол Сколс ќе одмара поради повреда додека Гигс се здоби со повреда на мечот со Болтон и ќе отсуствува неколку недели. Руни е неподготвен за дуелот поради повреда и ќе отсуствува 3 недели.

И покрај тоа што Валенсија ги загуби своите најголеми ѕвезди создаде одличен нов тим кој лесно се уигра и игра одлично. Заминувањата на Давид Силва, Давид Виља и Никола Жиѓиќ ја принудија Валенсија да биде доста активна на трансфер пазарот. Доведени беа Солдадо, Адуриз, Топал, Тино Коста, Коста и Фегули кои одлично се вклопија во тимот и Валенсија моментално се наоѓа на првото место во Ла Лига. Минатото коло Валенсија го победи тимот на Бурсаспор во гости со импресивно 0 - 4.

Тренерот на Валенсија, Унај Емери изјави дека Јунајтед е фаворит во дуелот и дека имаат голем респект за Манчестер но нема да го предадат мечот о ќе се борат за трите бода.

Манчестер Јунајтед доаѓа во Шпанија по нерешениот резултат против Болтон во ПЛ и Ренџерс во ЛШ. Тимот на Фергусон досега има победено на само едно гостување сезонава и тоа од Карлинг Куп против тимот на Сканторп додека сите други гостински натпревари завршија нерешено.

Тимски новости:
Валенсија:
Крилото на Валенсија Хоакин најверојатно нема да може да настапи поради повреда додека исто така нема да настапат Висенте и Евер Банега. Чори Домингез е неизвесен. Се очекува Мата да настапи и покрај ситната повреда.

Јунајтед треба да пази на напаѓачите на Валенсија кои се во одлична форма. Адуриз и Солдадо.

Можен состав: Цезар, Мигел, Коста, Наваро, Алба, Топал, Албелда, Тино Коста, Пабло, Мата и Адуриз.

Манчестер Јунајтед:
Конечно Манчестер Јунајтед ќе може да смета на Фердинанд кои се опорави од повредата пред две недели но беше спречен да игра поради грипот. Сколс, Гигс и Руни сигурно нема да играат додека се очекува новото засилување Бебе да добие шанса во тимот.

Се шпекулира дека Керик по своето враќање од повредата ќе игра прв тим заедно со Андерсон и Флечер.

Можен состав: ВДС, Браун, Фердинанд, Видиќ, Евра, Флечер, Керик, Андерсон, Нани, Парк и Бербатов.

Моја прогноза:
Овој натпревар ме потсетува на мечот со Волфзбург минатата година кога бевме без одбрана и со многу слаб тим но изненадија и победивме со хет - трик на Овен. Ова е многу важен натпревар за нас и многу тешко гостување. Меч кој мора да се победи.

Конечен резултат: Валенсија 1 - 2 Манчестер Јунајтед


0 коментари: