среда, 15 септември 2010

Ферги стравува дека сезоната за Антонио Валенсија е завршена:

- 0
Крилото на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија можно е да ја пропушти целата сезона откако вчера заработи страшна повреда која се верува дека е скршеница на скочниот зглоб


По натпреварот Сер Алекс Фергусон рече дека стравува од тоа дека сезоната за интернационалецот од Еквадор е веќе завршена и страшната повреда ја спореди со онаа на нивниот поранеш фудбалер Алан Смин против Ливерпул во 2006.

“Веднаш штом видов како фудбалерите на Ренџерс мавтаат со рацете кон клупата за резерви знаев дека е нешто лошо.” – рече Фергусон.

Играта беше прикината околу пет минути откако Валенсија имаше дуел со дефанзивецот на Ренџес, Кирк Броадфут.

Ферги за Skу Sports потоа додаде: “Тој веднаш беше пренесен во болница. Се чини дека тој го дислоцираше и го скрши зглобот. Ќе направи операција во среда.”

“Повредата е лоша, ќе биде надвор од терените долго време. Се чини дека повредата е слична како онаа на Алан Смит и поради тоа мора да размислувате дека сезоната за него е завршена.”

Шкотот потоа застана во одбрана на својата одлука за дуелот со Ренџерс да направи дури десет измени во споредба со тимот што играше против Евертон во саботата.

“Ќе бидам критикуван зошто не игравме со силен состав. Но јас мислам дека одигравме со навистија силен тим. Луѓето забораваат дека осумина од нив играа против Челзи во Комјуните Шилд. Ова е одличен состав. Немам проблем да играм со нив.”

“Требаше да победиме, но во исто време треба да им честитаме на Ренџерс бидејќи не можевме да го скршиме нивниот систем. Игравме со интензивност и посветеност. Но Ренџерс добро се бранеше во својот шеснаесетник.”

Ферги сепак призна дека погрешил што на клупата за резерви го оставил Димитар Бербатов, кој игра во добра форма на стартот од сезоната.

“Сакавме да видиме како Хавиер Ернандез ќе одигра цел натпревар. Порати тоа го изоставивме Бербатов надвор од првиот тим и неговата форма е апсолутно фантастична.”

“Тој е еден од најдобрите фудбалер оваа сезона и неговата способност да креира шанса во тешки ситуации ќе направеше разлика.”




0 коментари: