сабота, 18 септември 2010

Преглед: Манчестер Јунајтед - Ливерпул:

http://livetvmatches.com/wp-content/uploads/2010/03/wpid-Manchester-United-vs-Liverpool.jpg
Недела 18. 09 . - 2010, 14:30 h
Олд Трафорд, Манчестер





Најголемото дерби на Англија. Двата најтрофејни клуба во Англија... Овој меч долго се очекуваше и конечно пристигна времето за него.

Сер Алекс Фергусон и Рој Хоџсон кој летово го превзеде кормилото на Ливерпул за прв пат ќе се сретнат во новата сезона. За двата менаџери овој натпревар е од големо значење.

Јунајтед на последните два меча има два нерешени резултати. Одигра нерешено на гости против Евертон на Гудисон Парк и на Олд Трафорд во рамките од Лигата на Шампионите.

Ливерпул има еден нерешен резултат и една победа во последните два меча. Одигра нерешено на гостувањето кај Бирмингем и победи дома против Стеауа во Европа Лига.

И двата менаџери на последните натпревари ги одмаараа своите најдобри поединци. Фергусон ги одмараше Видиќ, Нани и Бербатов додека Хоџсон ги одмараше Шкртел, Џерард и Торес.
Тимски новости:

За Манчестер се враќа Фердинанд кој беше долго време надвор од терените и за прв пат настапи против Глазгов Ренџерс.

Антонио Валенсија сигурно го пропушта натпреварот и нема да игра до Февруари поради скршеницата на зглобот со која се здоби на мечот од ЛШ.

Одличниот Ван дер Сар, капитенот Видиќ, маестралниот Нани и фантастичниот Бербатов се враќаат за Јунајтед после пропуштениот меч со Ренџерс.

Џо Кол за Ливерпул ќе игра после суспензијата поради црвен картон. Се враќаат исто така Џерард, Шкртел и Торес.

Можни состави:
Манчестер Јунајтед: Ван дер Сар, Евра, Видиќ, Фердинанд, Рафаел, Нани, Флечер, Сколс, Гигс, Руни и Бербатов.

Ливерпул: Реина, Кончески, Шкртел, Карагер, Џонсон, Лукас, Џерард, Макси, Кол, Јовановиќ и Торес.

Моја прогноза:
Очекувам победа на Јунајтед и одлична игра. Се надевам дека со гол Руни ќе ја подигне самодовербата и Нани и Бербатов ќе продолжат да играат одлично.

Конечен резултат: 2 - 0.



0 коментари: