понеделник, 13 септември 2010

Преглед: Манчестер Јунајтед - Глазгов Ренџерс:

http://www.prideofmanchester.com/restaurants/photos/oldtrafford-300.jpg
14.09 - вторник - 2010 - 20.45 h
Олд Трафорд, Манчестер



Манчестер Јунајтед ја започнуваа новата сезона во Лигата на Шампионите против нивниот шкотски ривал Глазгов Ренџерс. Јунајтед го пречекува Ренџерс на Олд Трафорд. Последниот пат кога овие два клуба се сретнаа во Лигата на Шампионите Јунајтед ги доби двата дуела со шкотланѓаните. Тимот на Сер Алекс Фергусон направи од готово вересија во последниот натпревар од Премиер Лига против Евертон од 3 - 1 за 2 минути дозволи да се израмни резултатот. Ренџерс го победи Хамилтон во судиското продолжение со голот на Кени Милер. Битката помеѓу Јунајтед и Ренџерс насловена како "Големата битка на Британија".

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhOg3f3bZsCGGG6X-ljt0-xoxRAhaYnyBLRpwFzA5VPePoAxZU-RXsgyMv-h7QlHJCa3Fq5-H95mAGBRR8Pne0OEpifWVoEdNz63ibZ0edN3psqqP0jfJ5x_zITt6ONiB2I9Lwyiig/s320/Rangers.png
Ова би требало да биде вистински тест за Јунајтед и јачината на домашен терен пред големото дерби против Ливерпул во недела на Олд Трафорд. Во секој случај се очекува интересен натпревар.

Манчестер Јунајтед:

Фергусон сигурно ќе направи измени во стартниот тим и се очекува Рафаел да стартува место Невил кој одигра 90 минути против Евертон. Се очекува враќање исто така на Рио Фердинанд во првиот тим.

Антонио Валенсија би требало да се најде во игра после пропуштената утакмица против Евертон додека Парк би требало да игра лево крило. Гибсон ќе стартува во средината додека во напдот се враќа Вејн Руни покрај најдобриот играч на Манчестер Јунајтед оваа сезона Димитар Бербатов.

Можен состав: Кушчак, Рафаел, Фердинанд, Видиќ, Фабио, Валенсија, Флечер, Гибсон, Парк, Руни и Бербатов.

Глазгов Ренџерс:

Алан Мекрегор би требало да се најде на голманската позиција додека Вир и Богера би биле во одбраната. Младиот Морис Еду би требало да биде главната алка во средниот ред додека во нападот Кени Милер и Ники Јелавиц.

Можен состав: Мекрегор, Витакер, Вир, Богера, Папац, Лаферти, Еду, Дејвис, Најсмит, Милер и Јелавиц.

Очекувам победа на Јунајтед пред големото дерби со Ливерпул иако нема Ренџерс да се предадат. Конечен резултат 3 - 1.


0 коментари: