вторник, 14 септември 2010

Гери Невил не е повеќе капитен на Јунајтед:

- 0
Сер Алекс Фергусон изјави дека Гери Невил не е повеќе капитен на Манчестер Јунајтед...




Ветеранот го наследи Рој Кин како капитен после неговото заминување од Олд Трафорд во 2005. Но во последните три сезони кариерата на дефанзивецот беше преполна со повреди кои влијаеа на неговата игра. Доколку не ираше Гери Невил капитенската лента ја носеше Рајан Гигс додека оваа сезона постојано капитенската лента ја носи Немања Видиќ.

Видиќ беше капитен и на мечот против Евертон кога и Невил беше во стратниот тим. Фергусон вели дека кој игра редовно треба да ја носи капитенската лента.

"Барам некого за капитен кој ќе игра редовно секоја недела. Во прошлите 2-3 сезони на секој натпревар имавме различен капитен."

"Немавме константен капитен во Гери Невил а најголема причина за тоа беа повредите. Ако тој можеше да игра псотојано сигурен сум дека ќе останеше капитен."

"Со сета почит за Гери Невил, тој знае и јас знам дека не може да игра секоја недела па затоа барам капитен кој ќе игра постојано." - заврши Фергусон


0 коментари: