недела, 12 септември 2010

Иднината на Манчестер Јунајтед : Џон Кофи:

http://picsrv.manutd.com/?fif=/manu/img_10_31147_5365.jpg&obj=iip,1.0&wid=240&hei=311&rgn=0.028225806451612902,0.022408963585434174,0.967741935483871,0.8711484593837536&cvt=jpeg
Манчестер Јунајтед - МК продолжува со претставувањето на најперспективниот напад во Англија и овој пат на мета е младиот Џон Кофи...


Академијата на Манчестер Јунајтед има толку многу добри млади напаѓачи што за неколку години сигурно ќе бидат во првиот тим на Манестер Јунајтед. Тоа се најперспективните млади напаѓачи во Англија ако не во светот. Моментално ги имаме Федерико Македа, Дени Велбек, Џошуа Кинг, Вилијам Кин и сега Џон Кофи. Секако тука би ги придодале и Хавиер Ернандез и Маме Бирам Диуф.

Џон Кофи е последниот играч од академијата што импреснионира. Ја започна сезоната во топ форма, постигнува голови скоро на секој меч и сигурно уште многу голови ќе постигне. Џон Кофи е роден во Абосо, Гана на 21 јануари 1993 година и тој направи трансфер од Барнли во Манчестер Јунајтед кога беше приметен од скаутите на тимот за еден настап за неговиот клуб во Германија. Една година откако беше приметен потпиша Јунајтед со Кофи. Летото цело време беше поврзуван со заминвуање во Ливерпул кој пробуваше да го одалечи од Јунајтед и да потпише со Џон но тој конечно стави крај на сите шпекулации и потпиша професионален договор со Јунајтед.
Тој официјално му се придружи на Јунајтед во 2009 и почна да игра за U18 тимот. Тој веќе имаше два настапа за академијата на Јунајтед во раниот период од 2009. Тој во сезоната 2009/2010 псотигна 6 гола во 25 настапи за академијата и имаше два настапа за резервите на Јунајтед како замена. Оваа сезона Џон Кофи одлично започна и постигна 4 гола во 4 настапи за академијата и 1 гол во настапи за резервите. Доколку Кофи вака продолжи сигурно ќе биде приметен од Сер Алекс и ќе добие некоја шанса за сениорскиот тим на Јунајтед во некој од куповите.

http://totalfootballmadness.com/wp-content/uploads/2010/04/John-Cofie.jpg

Најдобрите атрибути на Кофи се дека е висок и добро физички спремен исто така е многу брз и е одличен со топката т.е. полн со самодоверба. Кофи минатата сезона беше препознатлив најмногу по финишот. Најверојатно тој напорно работеше преку летото и го има подобрено финишот и тоа го покажува исто така во оваа сезона.

Кофи може да игра за три репрезентации Англија, Германија и Гана. Тој ја има претставувано Англија за помладите категории но се шпекулира дека Гана е подготвена да испрати позив за настап на Кофи за Гана.

Кофи би требало да е идната голема ѕвезда во Јунајтед. Велбек, Диуф и Кинг се на позајмици па тој би требало да биде главниот напаѓач и адут за академијата и резервите. Со одлична овогидинешна сезона на Кофи следната би требало да биде и во првиот тим на Јунајтед.

Минатиот пост Иднината на Манчестер Јунајтед...




0 коментари: