вторник, 1 декември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Тотенхем:

http://www.manchesterbars.com/photos/oldtrafford-300.jpg
Втроник, 1 Декември, 2009 - 21:00
Олд Трафорд, Манчестер

Тимот на Тотенхем ќе се обиде да го победи тимот на Манчестер и да се влезе во финалната фаза од Карлинг Купот.

Минатата сезона овие два тима се сретнаа во финалето од овој куп кога пресуден беше голманот на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер кога ги одбрани пеналите на Тотенхем.

Тотенхем секогаш тешко поминува на Олд Трафорд макар и што Фергусон ќе игра со млад тим не се очекува лесно да поминат белите. Две децениее веќе немаат триумф остварено фудбалерите на Тотенхем против Јунајтед на театарот на соништата.

Додека Фергусон за разгорува битката за врвот на Премиер Лигата со Карло Анчелоти, Хари Реднап ќе се обиде да му ги помати сметките во Карлинг Купот.

Но сепак надежта последна умира Тотенхем во последните пет натпревари со Јунајтед има забележано две победи.

Дали Тотенхем ќе продолжи во купот и ќе ја помине големата пречка Манчестер Јунајтед?Или пак Јунајтед со младиот тим ќе се пласира понатаму?

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
Портсмут 1-4 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-1 Бешикташ
Манчестер Јунајтед 3-0 Евертон
Челзи 1-0 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 3-3 ЦСКА Москва


Тотенхем:
Астон Вила 1-1 Тотенхем
Тотенхем 9-1 Виган
Тотенхем 2-0 Сандерленд
Арсенал 3-0 Тотенхем
Тотенхем 2-0 Евертон


Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:

Сер Алекс Фергусон сеуште има доста повредени играчи во тимот.

Првиот избор на голманската позиција Едвин Ван дер Сар има проблем со коленото и го пропушти натпреварот со Портсмут. Фабио е подолго време надвор од тимот и нема да настапи. Ошеа има проблем со повреда на мускул додека Еванс исто така е надвор од комбинација.

Фергусон сеуште не може да смета на Фердинанд кој нема да настапи до Божиќ додека Харгривс сеуште се подготвува за големиот камбек.

Фергусон ќе игра со Македа и Велбек најверојатно а можеби шанса ќе добие и Овен. Фостер очајнички сака да застане меѓу стативите но тоа ќе се случи само доколку Фергусон го остави полскиот репрезентативец да се одмори.

Можен состав: Кушчак, Рафаел, Браун, Видич, Де Лает, Обертан, Гибсон, Андерсон, Велбек, Македа и Овен.


Тотенхем:
Џонатан Вудгејт и Ледли Кинг имаат само уште една недела до свое целосно опоравување и нема да бидат во комбинација.

Италијанскиот голман Карло Гудичини нема да настапи поради сообраќајката направена пред кратко време.

Лука Модрич сеуште има проблем со скршеницата на ногата.

Мексиканецот Џовани Дос Сантош пристигна од Барселона но никогаш не блесна во тимот на Тотенхем. Хари Реднап можеби ќе му укаже шанса да се докаже на овој натпревар.

Можен состав: Гомес, Бејл, Басонг, Довсон, Хатон, Бентли, Паласиос, Џенас, Дос Сантош, Крауч и Кин.

Поважни играчи:

Манчестер Јунајтед:
Кој и од браќата Да Силва кога настапува за Јунајтед тоа изгледа атрактивно, импресивно и изгледаат како прави плејмејкери. Фабио е повреден но најверојатно Рафаел ќе добие шанса.


Тотенхем:
Ленон е главното крило оваа сезона во тимот на Тотенхем но најверојатно својата шанса ќе ја има Бентли. Се очекува Дос Сантош да настапи и Крауч да добие минутажа.


Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: