сабота, 19 декември 2009

Преглед: Фулам - Манчестер Јунајтед:

http://74.54.19.227/news/224/22416629.optim.jpg
Сабота, Декември 19, 2009, 16:00
Кревен Котиџ, Фулам

Манчестер Јунајтед патува во западен Лондон со цел да се притисне Челзи кој се наоѓа на врвот на табелата, додека Фулам ќе се бори да си го задржи своето место после битката во Лига Европа.

Астон Вила, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, Тотенхем се во битка за место за Лигата на Шампионите додека Фулам ќе треба да работи силно за да избори место и следната година во Лига Европа.

Челз уште еднаш игра ден по Јунајтед, Црвените Ѓаволи имаат уште една шанса да се израмнат со Челзи на врвот на табелата. Манчестер Јунајтед го помина тестот наречен Вулверхемптон во вторникот но сега имаат многу потежок тест и на гостински терен.

Фулам веќе се кфаливикуваше следната фаза од Лига Европа каде што ќе се сретнат со Шахтјор Донецк. Непобедени во шест натпревари ќе се борат со шампионот за продолжување на низата.

Минатата година на Кревен Котиџ поуспешен беше Фулам со 2 - 0 додека Јунајтед на тој натпревар имаше два исклучени играчи Пол Сколс и Вејн Руни.

Последени пет натпревари:

Фулам:
16 декември: ФК Базел 2-3 Фулам (Лига Европа)
12 декември: Барнли Фулам 1-1 (Премиер Лига)
6 декември: Фулам 1-0 Сандерленд (Премиер Лига)
3 декември: Фулам 1-0 ЦСКА Софија (Лига Европа)
28 ноември: Фулам 1-1 Болтон (Премиер Лига)

Манчестер Јунајтед:
15 декември: Манчестер Јунајтед 3-0 Вулверхемптон (Премиер Лига)
12 декември: Манчестер Јунајтед 0-1 Астон Вила (Премиер Лига)
8 Декември: Волфзбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
05 Декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (Карлинг Куп)

Тимски новости:

Фулам:

Ендрју Џонсон најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Манчестер Јунајтед откако ја поврати повредата на препоните.

Капитенот Дени Марфи се опорави од повредата и играше 90 минути на натпреварот со Базел па нема да биде чудо доколку биде поштеден.

Сајмон Дејвис сеуште не е подготвен за враќање на терените поради повредата на зглобот додека Хангеланд, Демпсеј, Демјен Даф и Пол Кончески се подготвени да му помогнат на Фулам.

Можен состав: Шварцер, Кончески, Хангеланд, Хјуз, Пентсил, Даф, Грининг, Берд, Гера, Демпсеј и Замора.

Манчестер Јунајтед:

Проблемите со повредите за Јунајтед продолжуваат и се очекува Немања Видич да го пропушти дуелот поради ситна повреда.

Црвените Ѓаволи не можат да сметаат на Гери Невил, Рафаел, Рио Фердинанд, Џон Ошеа, Џони Еванс и најново е дека Вес Браун со сигурност нема да настапи и Фергусон се надева дека Видич ќе биде спремен.

Рајан Гигс се соочува со трка со времето и не е сигурен неговиот настап додека Нани има повреда на зглобот на ногата.

Можен состав: Кушчак, Евра, Керик, Видич, Де Лает, Обертан, Сколс, Флечер, Валеснија, Руни и Бербатов.

Мотивирани играчи:

Фулам - Боби Замора:
Напаѓачот на Фулам Боби Замора веќе има постигнато 9 гола за неговиот тим оваа сезона и ќе проба да продолжи со постигнувањето на голови.

Манчестер Јунајтед - Немања Видич:
Со повредените играчи и проблемите во одбраната Видич ќе биде главниот човек во тимот и одбраната најверојатно и капитен на Јунајтед.

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: