сабота, 5 декември 2009

Вест Хем 0 - 4 Манчестер Јунајтед:

Манчестер Јунајтед по четврти пат во низа го совлада Вест Хем.

Без Немања Видиќ, Рио Фердинанд во составот, а потоа по повредата на Гери Невил (34-та минута) успеаа да ги декласираат „чеканите“ со огромни 0:4.

Започна Пол Сколс во последните мигови од првиот дел, со прецозен удар од околу 18 метри. Ветеранот баш на денот на натпреаварот даде изјави дека на крајот од сезоната би можел да го напушти Олд Трафорд, затоа што повеќе не е стандарден во првиот тим и поради тоа не игра добро.

Меѓутоа го постигна погдокот кој може да се смета за одлучувачки, затоа што играчите на Алекс Фергусон по тој погодок постигнаа уште 3 погодоци. Најпрвин Дарон Гибсон со топовски удар од 20-тина метри успеа да го матира Грин, а потоа за 2 минути поентираа Валенсија и Руни.

0 коментари: