четврток, 3 декември 2009

Роналдо: Не сакам да играм против Манчестер Јунајтед во ЛШ:


Португалецот изминатово лето го напушти Олд Трафорд за да се пресели во Реал Мадрид во светски рекорден трансфер вреден 80 милиони фунти (94 милиони евра).

Роналдо во 2008 стигна до титулата во Лигата на Шампионите со Јунајтед и тој се надева дека ќе го повтори успехот и со Кралскиот Клуб.

Сепак крилото е свесно дека неговиот поранешен клуб е голема закана за амбициите на Мадрид да стигнат до титулата и се надева дека наскоро нема да треба да се врати во Англија.

“Не сакам да играм против Манчестер Јунајтед.” – рече Роналдо.

“Тоа ќе биде чудно чувство доколку играм против нив. Господинот (Алекс) Фергусон ми помогна многу во кариерата.”

“Бев таму шест години и тој ме научи на многу работи.”

“Го задржав истиот однос со него. Тој е мој добар пријател. Сеуште ги имам истите пријатели. Разговарам со Вејн Руни, Немања Видиќ, Рио Фердинанд, Нани, Патрик Евра, Андерсон.”

Роналдо потоа додаде: “Доколку моите нозе ми дозволуваат да играм до мојата 40та година, сакам да играм.”

“Сакам да бидам на првата страна на историјата, на исто ниво со Диего Марадона и Пеле.”

0 коментари: