петок, 4 декември 2009

Трансферот на Љајиќ во Манчестер Јунајтед нереализиран поради работна дозвола:


Пред 12 месеци, Адем Љајиќ заедно со Зоран Тошиќ беа презентирани како нови засилувања во Манчестер Јунајтед.

Сепак, англискиот гигант одлучи да го откаже трансферот на Љајиќ, и да не ја искористи опцијата за комплетирање на зделката.

Од Партизан сметаат дека финансиската криза е причината за ваквата одлука на Јунајтед.

Во англиските медиуми се пишуваше дека Јунајтед не биле задоволни од тоа како се развива младиот фудбалер.

Сепак со продажбата на Роналдо се чини дека Манчестер има доволно финансии за трансфери, но Фелан вели дека компликации со работната дозвола се проблемот за не реализација на овој трансфер.

"Трансферот на Адем е откажан поради работната дозвола".

"Ние се обидовме да обезбедиме работна дозвола за фудбалерот, но барањето беше одбиено, не можевме да добиеме работна дозвола до јануари, а тоа беше периодот до кога требаше да донесеме одлука за неговиот трансфер".

"Па одлучивме да не го ангажираме" - изјави асистентот Фелан.

0 коментари: