четврток, 10 декември 2009

Видиќ, Руни, Бербатов и Гигс подготвени за дуелот со Астон Вила:


Вејн Руни, Рајан Гигс, Димитар Бербатов и Немања Видиќ го пропуштија гостувањето кај Волфзбург но се очекува да бидат на располагање за дуелот на домашен терен против Астон Вила.

Сер Алекс можеби повторно ќе биде принуден да прекомандува играчи од средниот ред во одбраната но со враќањето на офанзивните играчи тој влегува со голема самодоверба против Вила.

“Очекуваме Видиќ да биде подготвен за дуелот во сабота. Рајан е фит и мислам дека Руни и Бербатов ќе бидат ОК.” – рече Фергусон.

“Доколку ги имам на располагање овие играчи ќе бидам доволно среќен бидејќи ќе можам да креирам одбрамбена четворка составена од Флечер, Керик, Видиќ и Евра.”

0 коментари: