среда, 2 декември 2009

Официјално: Македа ја обнови верноста кон Јунајтед:


Италијанскиот репрезентативец до 21 година пристигна во Манчестер Јунајтед во 2008 од редовите на Лацио.

18 годишниот Македа блесна на сцената во Премиер Лигата минатата сезона постигнувајќи погодоци за победа на дуелите со Астон Вила и Сандерленд.

Настапот на талентираниот напаѓач оваа сезона е ограничен и тој зад своето име има само пет настапи и на сите влезе од клупата за резерви.

Македа, кој важи за голема надеж на Италијанскиот фудбал сега постигна солгасност за нов договор според кој ќе остане на Олд Трафорд до 2014.

“Манчестер Јунајтед е задоволен што може да соопшти дека е постигната согласност за нов четиригодишен договор со Федерико Македа со кој играчот е обврзан кон клубот до јуни 2014.” – гласеше соопштението на официјалната веб страна на Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон рече: “Задоволни сме од новиот договор, сите во клубот го препознаат фантастичниот талент и се надевам дека ќе го видиме напредокот на играчот следната година.”

Македа додаде: “Многу сум среќен што ја продолжив верноста со Манчестер Јунајтед. Навистина уживав минатата сезона кога настапував во првиот тим и се надевам дека сега ќе добијам повеќе такви шанси и ќе допринесам за тимскиот успех.”

0 коментари: