петок, 18 декември 2009

Милан vs. Манчестер Јунајтед:


Ждребката за 1/8 финалето донесе два мега дуели, Интер ќе игра против Челзи, Милан ќе се сретне со Манчестер Јунајтед.

Мурињо се враќа на Стемфорд Бриџ, Португалецот ја имаше таа среќа Интер уште во 1/8 финалето да го добие Челзи.

Се исполни желбата на Дејвид Бекам кој претходно изјави дека сака да игра против Манчестер Јунајтед, Англичанецот по седум години повторно ќе заигра на Олд Трафорд овој пат во дресот на Милан.

Шампионот Барселона помина релативно лесно, го доби германскиот Штутгарт.

Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Лион, Арсенал ќе се сретне со Порто.

Можеби најнеатрактивни двојки ќе бидат ЦСКА Москва - Севиља и Олимпијакос - Бордо.

1/8 финале Лига на Шампиони:

Штутгарт - Барселона
Олимпијакос - Бордо
Интер - Челзи
Баерн Минхен - Фиорентина
ЦСКА Москва - Севиља
Лион - Реал Мадрид
Порто - Арсенал
Милан - Манчестер Јунајтед

0 коментари: