петок, 4 декември 2009

Ван дер Сар фит за дуелот со Вест Хем, Фердинанд сеуште надвор од стројот:


О’Шеј сеуште има проблеми отако на репрезентативна должност со Република Ирска заработи удар во ногата, додека пак Еван има промлели со листот на ногата.

Фердинанд, кој нема настап уште од октомври, останаува надвор од стројот и сеуште работи на рехабилитација од повредата на грбот.

“Рио има прогрес со својот третман.” – рече првиот асистентот на Јунајтед, Мајк Фелан, кој го замене Сер Алекс Фергусон на денешната прес-конференција.

“Тој е оптимст колку што може да биде. Немаме поставено датум за негово враќање. Потребно е само да се осигураме дека тој ќе биде на располагање до крајот на сезоната кога ќе се врати на терените.”

“Сеуште имаме проблем со Еванс и О’Шеј. Џони се опоравуа споро по повредата на листот додека пак Џон сеуште има проблем откако заработи удар на ногата и бележи многу поспор напредок отколку што се надевавме.”

“Назад во тимот го имаме Едвин – тој тренираше и е на располагање заедно со другите голмани.”

Фелан проговори и за ситуацијата на Овен Харгривс, кој се опоравува од долгорочна повреда.

“Раоботиме на мек, мек пристап со Овен. Тој е надвор од терените долго време, но се врати во тренинг центарот. Тој пред себе има многу рехабилитациона програма која ќе биде континуиран процес за него.”

0 коментари: