недела, 6 декември 2009

Серизони проблеми со повредени играчи:

http://newsimg.bbc.co.uk/media/images/45561000/jpg/_45561231_vidic_ferdinand.jpg

Гоемиот проблем со повреди беше скоро и незабележителен на Аптон Парк но Јунајтед има сериозни проблеми со повредени играчи.

Сер Алекс Фергусон може да биде без седум играчи на натпреварот со Волфзбруг во Втроник, но сепак постои надеж дека Видич ќе се опорави и ќе биде придружуван од Мајкл Керик во централиниот дел на одбраната.

Видич, Фердинанд, Ошеи, Еванс, Рафаел и Фабио го пропуштија натпреварот со Вест Хем кој Манчестер Јунајтед го доби со 4-0, додека Гери Невил се повреди и беше заменет. Исто така и Вес Браун се повреди при што Јунајтед го заврши натпреварот со 10 играчи.

"Повредените дефанзивци престставуваат голем проблем за нас" - потврди Фергусон.

"Немања Видич има грип па бевме приморани Гери Невил да игра како централен дефанзивец со Браун но тој се повреди и беше заменет. Исто така и Браун при крајот на натпреварот го напушти теренот."

"Незнам дали ќе бидат подготвени за во Втроник но се надевам дека Немања Видич ќе биде подготвен и партнер во одбраната ќе му биде Мајкл Керик."

Керик добро одигра против Вест Хем но сепак против Волфзбург ќе има поголема закана односно Един Џеко, Графите и Обафеми Мартинс.

"Мајкл влезе во игра и добро одигра ние сме среќни поради тоа" - додаде Сер Алекс Фергусон

"Влегувањето на Керик во игра беше да се покрие одбраната после повредата на Гери Невил."

"Тој ја има висината и моќноста да игра на таа позиција. Имаше опција да игра Ричи Де Лает но против Вест Хем треба да игра поискусниот играч."

"Јас сакав да игра Мајкл од почетокот на натпреварот затоа што се наоѓа во одлична форма но испадна дека на крајот ќе ни биде повеќе од потребен."

Извор!

0 коментари: