среда, 9 декември 2009

Волфзбург 1 - 3 Манчестер Јунајтед:


Волфзбург не успеа да го победи Манчестер Јунајтед, Германците загубија со 3-1.

Јунајтед на овој натпревар настапи со комбиниран состав, голем дел од играчите се повредени а дел и одмараа.

Сепак, оние кои настапија одиграа крајно мотивирано и го совладаа Волфзбург.

Мајкл Овен беше ѕвездата во дресот на Манчестер Јунајтед, искусниот напаѓач ги постигна сите три гола за својот тим.

На минута пред крајот на првиот дел, Овен со глава реализираше за водство на Јунајтед.

Во 56та минута и Един Џеко погоди со глава за израмнување на 1-1.

Овен во 83та минута го врати водството на Јунајтед, а во 90та ги постави и конечните 3-1.




0 коментари: