вторник, 8 декември 2009

Се зголемува листата на повредени играчи:

400x400_siralexfergusonnew5

Јунајтед се соочува со многу тешка ситуација не само во одбраната, за Германија не отпатуваа Димитар Бербатов и Вејн Руни поради повреди.

Црвените Ѓаволи дознаа дека нема да можат да сметаат на Еванс и Ошеа до Нова Година поточно Јануари.

Сер Алекс отпатува за Германија а дуелот со Волфзбург со 19 играчи од кои 13 се играчи од средниот ред.

Нема да му биде лесно на Фергусон да го избере тимот за мечот со Волфзбург после големата листа со повредени играчи.

Јунајтед се надевам дека Вес Браун и Немања Видич ќе бидат подготвени за мечот во сабота против Астон Вила, додека Вејн Руни и Димитар Бербатов ќе го пропуштат мечот со Волфзбург а најверојатно и тој со Астон Вила.

"Нема добри вести во врска со повредените играчи" - изјави Фергусон на прес конференцијата во понеделникот.

"Неколку важни играчи беа изоставени од тимот и ќе гледаме да го извадиме најдоброто од тимот."

Патрис Евра е единствениот препознатлив и подготвен дефанзивец кој отпатува за Германија. Фергусон најверојатно ќе се надева на него.

"Вреди да се проба да се игра со еден дефанзивец!" - се пошегува Шкотланѓанецот

"Манчестер Јунајтед е секогаш првиот тим во се така и ние ќе се обидеме да играме со еден дефанзивец!"

"Ние знаеме дека имаме тешка работа да го составиме одбранбениот ред и да добиеме класична дефанзивна четворка која ќе игра добро заедно со централините дефанзивци.Ова се едни од најтешките одлуки од кои се надеваме дека ќе го извлечеме подобриот крај."

Јунајтед веќе се има пласирано за следната рунда во Лигата на Шампионите но сега не се работи само за натпреварот со Волфзбург.

"Како што објаснивме на Рио Фердинанд не можеме да се надеваме, заедно со него се и Еванс и Ошеа кои нема да настапат до Јануари.Рафаел и Фабио нема да настапат против Астон Вила но се надеваме дека ќе бидат подготвени Браун и Видич."

Добрите вести се дека Рајан Гигс ќе биде подготвен за Сабота иако го пропушта патувањето за Германија. Новостите за Руни и Бербатов не се баш најпозитивни.

"Рајан Гигс не отпатува за нас бидејќи заврши огромна работа за нас во саботата и ќе биде подготвен за натпреварот со Вила, но најверојатно Руни и Бербатов нема да настапат."

Извор!

0 коментари: