петок, 11 декември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Астон Вила:

http://ngepress.com/wp-content/uploads/2009/04/federico-macheda.jpg

Сабота, Декември 12, 18:30
Олд Трафорд, Манчестер

Книгата со рекорди вели дека Астон Вила нема да има лесна работа на Олд Трафорд. Тие немаат остварено победа во последните 27 обиди. Последната беше 1995-1996 сезона.

Но тие во последните 15 минути минатата сезона влегоа со водство од 2-1 но тоа беше бесполезно кога влезе во игра херојот на Манчестер Јунајтед, Македа.

Но и покрај се победите над Ливерпул и Челзи ги охрабруваат играчите на Мартин Онил и ќе влезат максимално мотивирани во овој дуел.

Самодовербата на Вила ќе биде мошне зголемена после кризата со дефанзивци на Олд Трафорд која ја има Манчестер. Сер Алекс Фергусон беше приморан да игра со Мајкл Керик и Дарен Флечер како централни дефанзивци на мечот со Волфзбург. Иако најверојатно ќе се врати Немања Видич, Вила ќе напаѓа и многу ќе биде опасна во контранападите.

Најдобрата одбрана е нападот и со Вејн Руни кој ќе биде најверојатно во стартните 11 има постигнато пет гола во последните пет меча со Вила ќе бидат принудени да се бранат од сите страни.

Последни пет натпревари:

Манчестер Јунајтед:
8 Декември: Волфсбург 1-3 Манчестер Јунајтед (Лига на Шампиони)
5 декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (карлинг Куп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер јунајтед (Премиер Лига)
25 ноември: Манчестер Јунајтед Бешикташ 0-1 (Лигата на Шампиони)


Астон Вила:
5 декември: Астон Вила 3-0 Хал (Премиер Лига)
1 декември: Портсмут 2-4 Астон Вила (Карлинг Куп)
28 ноември: Астон Вила 1-1 Тотенхем ( Премиер Лига)
21 ноември: Барнли 1-1 Астон Вила (Премиер Лига)
7 ноември: Астон Вила 5-1 Болтон (Премиер Лига)


Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:

Кризата со повреда полека стивнува во Јунајтед па би требало да се вратат Видич, Руни и Бербатов.

Ветеранот Рајан Гигс одмараше на дуелот со Волфзбург од Лигата на Шампионите.

Можен состав: Кушчак, Евра, Видич, Керик, Флечер, Гигс, Андерсон, Гибсон, Валенсија, Руни и Бербатов.


Астон Вила:

За разлика од Фергусон Мартион Онил нема проблеми со повреди сезонава и Колинс се врати на тренинг.

Можен состав: Фридел, Варнок, Дан, Куелар, Јанг, Даунинг, Милнер, Петров, Јанг, Карју и Агбоналахор.

Мотивирани играчи:

Манчестер Јунајтед - Рајан Гигс:

Гигс не играше на дуелот со Волфзбург за да биде подготвен за овој меч. "Велшкото чудо " има веќе 36 години и има одлична сезона Астон Вила треба да биде внимателна додека топката е кај него.

Астон Вила - Џејмс Милнер:

Со летоното засилување Даунинг, Милнер беше прекомандуван во средината на теренот. После одличниот натпревар со Хал и голот од 25 метри Англичанецот делува одлична на новата позиција.

Извор 1!

Извор 2!


0 коментари: