вторник, 8 декември 2009

Преглед: Волфзбург - Манчестер Јунајтед:

Nani

Вторник, Декември 8, 2009 - 20:45
Volkswagen Arena, Волфзбург

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон се соочува со голема листа на повредени играчи пред натпреварот со Волфзбург.

Англискиот шампион ќе биде без србинот Немања Видич кој се придрѕжи на листата на повредени дефанзивни играчи, Фердинанд, Ошеа, Еванс, Рафаел, Фабио, Невил и Браун.

Со еден и единствен препознатлив дефанзивец Патрис Евра најверојатно Фергусон ќе биде приморан да го постави Мајкл Керик како партнер на Патрис Евра во централниот дел на одбраната.

Кога веќе Јунајтед се пласираше во следниот круг од Лигата на Шампионите ќе се борат за прво место во групата Б после извонредниот натпревар и победата од 4-0 над Вест Хем на Аптон Парк.

Волфзбург ќе се обиде да му се придружи на Јунајтед во следната фаза. Тие имаат по седум бода заедно со ЦСКА Москва и се освен победа ќе значи место во Европа Лигата.

Последни пет натпревари:

Волфзбург:
5 декември: Волфсбург 2-2 Фрајбург (Бундес Лига)
28 ноември: Вердер 2-2 Волфсбург (Бундес Лига)
25 ноември: ЦСКА Москва 3-1 Волфсбург (Лига на Шампиони)
21 ноември: Волфсбург 2-3 ФК Нирнберг (Бундес Лига)
7 ноември: Хофенхајм 1-2 Волфсбург (Бундес Лига)

Манчестер Јунајтед:
5 декември: Вест Хем 0-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
1 декември: Манчестер Јунајтед 2-0 Тотенхем (КарлингКуп)
28 ноември: Портсмут 1-4 Манчестер Јунајтед (Премиер Лига)
25 ноември: Манчестер Јунајтед 0-1 Бешикташ (Лига на Шампиони)
21 ноември: Манчестер Јунајтед 3-0 Евертон (Премиер Лига)



Тимски новости:

Волфзбург:
Тренерот на Волфзбург Армин Вех преферира на РИкардо Коста да му биде партенер Андреа Барзагли но најверојатно ќе го промени тоа.

"Волците" се надеваат на нивниот плејмејкер Ѕвездан Мисимовиќ да настапи и да створи шанси за Един Џеко и Графите.

Обафеми Мартинс нема да биде подготвен поради повреда и ќе отсуствува до Нова Година.

Можен состав: Беналио, Шафер, Барзагли,Рикардо Коста, Ритер, Жозуе, Гентнер, Мисимович, Хасебе, Џеко и Графите.

Манчестер Јунајтед:
Тимот на Манчестер што се наоѓа во Германија е очигледно млад со играчи како Оливер Гил, Магнус Еикрем, Камерон Стујарт и Оливер Норвуд.

Со проблемите кои гим има во одбраната Фергусон најверојатно ќе мора Мајкл Керик и Дарон Гибсон да играат во срцето на одбраната додека од страните би играле Флечер и Евра.

Томаш Кушчак или Бен Фостер ќе биде меѓу стативите на голот на Јунајтед додека во нападот би делувале Велбек и Овен бидејќи Руни, Бербатов и Македа беа изоставени во тимот поради повреди.

Goalkeepers: Ben Foster, Tomasz Kuszczak.
Defenders: Patrice Evra, Oliver Gill.
Midfielders: Anderson, Michael Carrick, Magnus Eikrem, Darren Fletcher, Darron Gibson, Matte James, Nani, Oliver Norwood, Gabriel Obertan, Park Ji-Sung, Paul Scholes, Cameron Stewart, Antonio Valencia.
Forwards: Michael Owen, Danny Welbeck.

Можен состав: Кушчак, Евра, Керик, Гибсон, Флечер, Нани, Андерсон, Сколс, Валенсија, Велбек и Овен.


Мотивирани играчи:

Волфзбург - Един Џеко:
Асистентот на Ферги, Мајк Филан, потврди дека тие ја надгледуваат ситуацијата со Един Џеко па би требало тоа да биде мотивација плус за Босанецот.


Манчестер Јунајтед - Нани:
Сеуште не се наоѓа во првиот тим на Ферги и за него ова би претставувало голема шанса да ја подобри неговата ситуација.

Фергусон пред неколку дена изјави дека нема шанси Португалецот да го напушти Олд Трафорд и дека неговата иднина е сигурна во Манчестер. Натпреварот против Волфзбург би требало да претставува голем мотив за Португалецот.


Моја прогноза:
Тешка ситуација со повредени играчи не памтам кога последен пат сме бил во волку тешка ситуација. Сега е времето кога треба да се покажат помладите играчи да докажат дека вредат. На оваа утакмица треба да докаже Нани дека заслужува место во првиот тим. Нема да биде чудо и да загубиме со вакви проблеми но се надевам на прво место во групата.


Извор 1!

Извор 2!



0 коментари: