петок, 4 декември 2009

Ферги: Роналдо е мој трансфер на деценијата:

Во 2003. година требаше да дојде Роналдињо. Се се побрка па го земавме Роналдо како замена. Неможевме да одбереме подобар фудбалер, изјави Алекс Фергусон.

http://soccernet-assets.espn.go.com/design05/DJ/20081021/fergieron_MatthewPeters.jpg
Португалскиот 24-годишен напаѓач, кој до летото го носеше дресот на Манчестер Јунајтед а го замени со оној од Реал, Шкотскиот стратег во интервју за клубскиот магазин Inside United го прикажа како свој најдобар трансфер во последната деценија.

„Роналдо беше фантастичен, со еден збор сензационален играч“,
рече Фергусон и додаде:

„Го доведовме во летото 2003. година, во време кога преговаравме со Роналдињо, тогаш тој играше за ПСЖ. Пропуштивме да го донесеме Роналдињо и го доведовме Роналдо. Мислам дека момчето сосема доволно го замени Роналдињо“.


„Зошто Рони не дојде? Договоривме се и одеднаш тој замина во Барселона. Не знам што се случи со Питер Кенион и останатите менаџери при работата. Знам само дека одеднаш пропадна“.

„Роналдо без оглед на се е наша најдобра инвестиција во последните 10 години“.

0 коментари: