понеделник, 21 декември 2009

Јунајтед се поврзува со ангажаман на Себастијан Фреј:


Црвените Ѓаволи се поврзуваат со ангажман на неколку голмани откако се очекува Едвин ван дер Сар по крајот на оваа сезона да се повлече од активното играње фудбал.

Игор Акинфеев и Мануел Ноер беа спомнувани како можни наследници на Холанѓанецот на голманската позиција на Олд Трафорд а според медиумите од Италија Сер Алекс Фергусон го следи и Себастијан Фреј.

Фреј е во инзворедна форма во оваа сезона исто како и во последните две години и важи за еден од најдобрите голмани во Серија А па според Sportmediaset.it токму затоа Ферги внимава на Французинот.

Но шампионот на Англија нема да има лесна задача бидејќи договорот на Фреј истекува во 2013 и тој има откупна клаузула вредна 18 милиони евра.

Исто така тешко е за верување дека Виолетовите ќе одлучат да продадат една од своите големи ѕвезди во средина од сезона во која обезбедија пласман во 1/8 – финалето од Лигата на Шампионите.

За интересот на Јунајтед за Фреј пишува и Gazzetta dello Sport која додава дека Емилиано Вивиано од Бреша ќе биде замената за Французинот доколку тој се пресели на Олд Трафорд.

0 коментари: